НАЈКРЕМАСТИОТ ДЕСЕРТ ВО СВЕТОТ: Колач „чоко-пудинг“ ќе сакате секој ден да го правите

Чоколаден пудинг колач – Сочен и превкусен, постар рецепт, одличен десерт – Многу вкусен колач по стар рецепт со многу вкусна подготовка. За приготвување на овој колач ќе ви бидат потребни следните состојки:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 1 ванилин шеќер, 200 г шеќер, 100 мл масло, 190 г брашно, 2 лажици какао, 2 лажички прашок за печиво, кората се пече 20 минути на 180 степени. Калап 24х24 см или слични димензии




За крем ќе ви биде потребно: 2 јајца, 200 г шеќер, 1 ванилин пудинг, 3 лажици брашно, 600 мл млеко, 200 мл слатка павлака и 150 г маргарин. За глазура ќе ви бидат потребни уште следните состојки: 200 г чоколадо, 60 г маргарин и 50 мл млеко.




ПОСТАПКА: Јајцата изматете ги пенасто, а додека ги матите со миксер, постепено додавајте го шеќерот. Додајте го прашокот од една кесичка пудинг со вкус на ванила и три лажици брашно. Измиксајте ја смесата додека да се соединат сите состојки и добиете густ крем без грутчиња.




Во густата смеса додајте 600 мл млеко и внимателно со миксерот изматете со побавна брзина за да се раствори. Потоа ставете го тенџерето на оган и со постојано мешање сварете го кремот додека да згусне. Покријте го со проѕирна фолија и оставете да излади до собна температура.




Четири јајца пенасто изматете ги со миксер, а додека ги матите додајте еден ванилин шеќер и 200 г шеќер. Миксајте додека да побели и згусне смесата а потоа додајте 100 мл масло во тенок млаз. Изматете и додајте просеано 190 г брашно, 2 лажици какао и 2 лажички прашок за печиво.




Со помала брзина изматете со миксерот додека да се соедини. Смесата рамномерно излејте ја во плех обложен со хартија, израмнете, протресете и ставете да се пече 20 минути во претходно загреана рерна на 180 степени. Печената кора оставете да излади, а потоа пресечете ја хоризонтално за да добиете две големи, а тенки кори.




Во посебен сад изматете 200 мл слатка павлака додека да добиете цврст шлаг. Пенасто изматете 150 г путер на собна температура, па во него додајте го изладениот пудинг и продолжете да миксате додека да се добие мазен крем. Додајте го и изматениот шлаг, па уште еднаш изматете за да се соедини.




Редење во калап со обрач: кора натопена со малку млеко, половина од кремот, кора натопена со малку млеко, втората половина од кремот. Оставете во фрижидер да излади еден час. Одозгора прелијте со чоколадна глазура: растопете 200 г чоколадо со 60 г путер и 50 мл млеко.




Мешајте постојано додека убаво да се изедначи чоколадната глазура. Излејте ја рамномерно врз колачот, израмнете и вратете во фрижидер за да се стегне. Оставете најдобро преку цела ноќ. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаОвој ролат со шунка треба да се најде на секоја празнична трпеза: декоративен, вкусен, лесно и брзо се прави
Следна статијаСите ќе мислат дека сте врвна домаќинка: ЧОКО КЕКС ТОРТА готова за 15 минути