Гастритисот главно се дефинира како воспаление на слузокожата која е заслужна за создавање на слој клетки кои го прекриваат внатрешниот дел од желудникот и го штитат од желудочните киселини.
Ова воспаление главно се јавува поради долготрајно кон-сумирање на лекови, од прекумерно кон-сумирање на ал-кохол, кафе или други надразнувачки намирници кои ја иритираат и „наг-ризуваат” слузокожата.
Народната медицина има одличен природен лек кој ги ублажува б олките, го смирува гастритисот и ја лекува слузокожата за само три дена. Напоредно со претходно наведените причинители, бактеријата Хеликобактер Пилори која го на-паѓа желудечниот епителиум предизвикува појава на овој здравствен проблем.
Рецепт со магдонос
Различните витамини А, Б, Ц, Е и К кои ги содржи магдоносот, го прави одлична состојка за лекување на каков било тип на дигестивни болести.
Потребни состојки: 1 китка магдонос, 1 литар вода.
Постапка: Темелно измијте една китка магдонос и ставете да зоврие во еден литар вода. Оставете да врие најмалку 5 минути, а потоа тргнете го садот од оган и оставете го да отстои поклопено два часа.
Процедете го чајот и складирајте го во стаклена тегла. Пијте ја оваа течност во текот на денот, наместо вода.
Подгответе вода од ориз: Во комбинација со чајот од магдонос, одлично делува врз регенерацијата на оштетената слузокож. -Сварете 150 грама ориз во еден литар вода.
После 20 минути готвење, процедете го оризот и сочувајте ја водата во стаклена тегла. Пијте ја водата од ориз секојдневно додека траат симптомите на гастритисот.
Лековит ликер од рогач за желудник и дебело црево
Рогачот е многу лековит, отсекогаш се користел како лек за проблеми со дигестивниот систем, а ова е еден рецепт за ликер, кој освен што плени со аромата и вкусот, тој е и многу лековит.
I Рецепт со ликер
Потребни состојки: 1 литар лозова ракија, 250 г шеќер, 6 – 7 мешунки рогач, 1 ќесички ванилин шеќер, 2 ванилин шеќер.
Постапка: Мешунките од рогач убаво се мијат и се сечат на парчиња со големина од 2 – 3 цм. Во шише со поголем отвор (или голема стаклена тегла) се става ра-кијата, се додава шеќерот, ванилиниот шеќер и сечканиот рогач.
Добро се затвора, се остава неколку денови на сонце или на топло, и секојдневно се протресува за да се растопи убаво шеќерот. После неколку дена, ликерот ставете го на некоја полица и “заборавете” на него најмалку 40 денови. После овој период можете да го процедите.
Напомена: Колку подолго стои рогачот во ра-кијата, толку ликерот е подобар. Можете да го користите како арома за колачи или овошни салати, а кај нас дома најмногу се користи како лек за желудник.
II Рецепт со ликер од рогач
Потребни состојки: 12 мешунки рогач, 1 литар домашна лозова ра-кија, 1 лимон, 150 г шеќер, 1 ванилин шеќер.
Постапка: Мешунките убаво измијте ги и засечете ги на неколку делови. Во поголема стаклена тегла или шише со широк отвор ставете го исечениот рогач. Лимонот убаво измијте го и исечете го на тркалца или парчиња, па и него додајте го во рогачот.
Додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер, па на крај прелијте со лозова ра-кија. Обично приготвувам со 5 литри ра-кија, а заедно со лимонот додавам и портокал, а ако имам и некое стапче ванила.
На 1 литар оди околу 100 – 200 г шеќер, во зависност од тоа колку сакате да ви биде благ ликерот. Се остава да отстои околу 1,5 – 2 месеци, па се процедува и складира во стаклени шишиња.
Мушмули: чај и тинктура за лекување на желудник, црева, б олки во стомакот
Не претерувајте со консумирање на свежите мушмули, иако нивната слаткост може да ве измами. Во поголема количина тие се тешки за дигестија и можат да доведат до дијареа. Внимателно прегледувајте ги плодовите, па оние што се зафатени со мувла фрлете ги.
Мушмулата содржи многу витамин Ц, шеќер и пектин, па во недостиг на подобри средства, може многу да помогне во лекувањето на скорбутот (недостаток на витамин Ц).
Западната народна медицина ја користи мушмулата за лекување на констипација (запек), нередовна столица и други тегоби со празнењето на цревата. Недозреаната мушмула ја стега слузокожата, па се користи за запирање на кр-вавење во усната шуплина.
Мушмулата помага и при дијареа, дизентерија и во сите случаи кога е потребно стегање на ткивото, но има и антивоспалително дејство. Во тие случаи погодни се преператите од листот бидејќи во него има најмногу танин.
Инаку, кората од стебло на мушмула може да се користи наместо кинин за лекување на маларија. Во народната медицина од семките, кои со бубрење во вода создаваат слуз, се приготвуваат облоги за разни повреди на кожата.
Семките содржат мал процент од цијановодордна киселина, па не се препорачуваат за употреба, но во контролирани количини се користат за топење на каменот во бубрег и мочен меур.
За подобро варење на храната: Трипати дневно да се јадат мушмули, еден час пред секој оброк. Против воспалено грло, непца и уста: Се прави чај од листовите на мушмулата и со него се прави гаргара неколку пати во денот.
Против пролив: Се јадат недозреани плодови од мушмула. Се земаат по 20 г мушмули, дренки, дуњи, шипки и скоруша, добро се ситнат и се мешаат.
Од оваа смеса, се земаат три лажици и се преливаат со 500 мл вода и се варат околу 10 минути. Се процедуваат и чајот се пие во текот на денот, наместо вода.
За излачување соли на мокрачната киселина: Се јадат по 300 г зрели мушмули, зачинети со 1 лажица лимонов сок, трипати дневно , најмалку 10 дена.
За намалување киселини во желудникот: Се земаат 100 мл сок од исцедени плодови од мушмула, пред појадокот, ручекот и вечерата. Терапијата трае 5 дена. По појадокот, ручекот и вечерата се јадат 200 г зрели плодови од мушмула во текот на 5 дена.
Против тру-ење, за прочистување на кр-вта: 1 кг мушмули и 800 г шеќер се варат во 500 мл вода. Се остава да врие 45 минути, а потоа се трга од огнот и се излева во тегли за да може херметчки да се затворат. По потреба се зема по 150 до 200 г пред појадок.
Против б олки во ушите: Се цеди сок од мушмула и во увото се накапуваат 2 – 5 капки.
Чај против дијареа и кр-вавење на непцата
Постапка: Земете 1 супена лажица од иситнети свежи зелени плодови. Со 200 мл зовриена вода прелијте ги плодовите од мушмула, поклопете и после еден час процедете.
Пијте 2 – 3 шолји чај против дијареа, а за запирање на кр-вавењето од непцата правете гаргара и испирајте ја усната шуплина повеќепати дневно. Секој ден јадете 400 г свежи зрели мушмули. Поточно, после појадок и вечера изедете по 200 г мушмули.
Ликер против разни желудочни проблеми
Потребни состојки: 1 кг свежи мушмули, 1,5 литар вода, 1 литар вотка, 1 литар сок од јаболко, 300 г шеќер растворен во 3,5 литри вода.
Постапка: Мушмулите исчистете ги, исечете ги на четвртинки и лесно гответе ги во вода околу еден час. Кога смесата ќе излади, течноста процедете ја, а мушмулите добро притиснете ги.
Добиената смеса измешајте ја со сок од јаболка и вотка. Складирајте во стаклени шишиња, затворете и оставете да отстои 4 – 6 седмици на топло место. Течноста повторно процедете ја и додајте го растворениот шеќер во вода.
Повторно складирајте во стаклени шишиња и добро затворете. По потреба консумирајте 2 – 3 пати дневно по една ликерска чашка.
Чај за обилна мен-струација
Земајте еднаква количина од иситнет цвет и лист од мушмула, измешајте со иситнета билка росопас и со имела. Прстофат од мешавината на овие билки прелијте ги со 1 литар природно црно вино и оставете го неколку часа. Потоа проварете кратко, процедете и пијте.
Внимание: Не претерувајте со консумирање на свежите мушмули, иако нивната слаткост може да ве измами. Во поголема количина тие се тешки за дигестија и можат да доведат до дијареа. Внимателно прегледувајте ги плодовите, па оние што се зафатени со мувла фрлете ги. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска