Рецепт на Том Филос. Наједноставниот рецепт за сладок десерт кој се приготвува од само две состојки, за само неколку минути, без печење… Како и секогаш – едноставен и одличен десерт за вас, кој нема да ви одземе многу време за приготвување – за само 5 минути подготовка и 1 час ладење, па може да се сладите со колачот, според рецептот на Том Филос. Еве што ви е потребно:

чоколаден колач од 2 состојки – Том Филос




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300 г варена тиква, 400 г чоколадо. ПОСТАПКА: Потребно е 400 г чоколадо да се растопи на пареа, а за таа цел ставете тенџере на оган со вода да зоврие. Чоколадото искршено на коцки ставете го во друг сад кој може да се постави врз пареата и почекајте додека целосно да се растопи.

чоколаден колач од 2 состојки – Том Филос




Исчистете 300 г претходно сварена и оладена тиква (може и печена), па ставете ја во блендер и измиксајте ја додека да се претвори во пире. Пирето од тиква истурете го во некој подлабок сад, па додајте го топлото и растопено чоколадо. Промешајте добро додека двете состојки убаво се изедначат.

чоколаден колач од 2 состојки – Том Филос




Хомогената смеса излејте ја во некој помал калап, претходно обложен со стреч-проѕирна фолија или алуминиумска фолија. Распоредете рамномерно и израмнете. Оставете да се олади на собна температура, а потоа уште еден час во фрижидер да се стегне.

чоколаден колач од 2 состојки – Том Филос




По изминатото време можете да го извадите колачот, да ја отстраните фолијата, па да го сечете на штангли или коцки по избор. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Прочитајте го и следниот рецепт: ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ СО ОРЕВИ: Десерт кој се подготвува за 5 минути, одлична замена за бајадерата




Овој десерт е многу поедноставна и побрза варијанта на бајадерата, а има одличен вкус. Штом еднаш ги пробате овие чоколадни коцки, веднаш ќе ви биде јасно дека една доза е премалку, па следниот пат ќе ги приготвите во двојна количина. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г шеќер, 18 лажици вода, 210 г путер/маргарин, 150 г мелени ореви, 100 г крупно сечкани ореви, 250 г мелени бисквити и 100 г чоколадо

ПОСТАПКА: Ставете ја водата со шеќерот на оган да проврие колку да се растопи шеќерот, околу 5 минути. Тргнете го тенџерето од оган и додајте го путерот, па промешајте убаво додека целосно да се растопи.




Додајте ги мелените ореви, па мелените бисквити и на крај исечканите ореви и растопеното чоколадо. Сето добро промешајте го да се соедини во еднолична смеса. Ставете во помал калап обложен со проѕирна фолија и со виљушката прошарајте по површината.




Оставете во фрижидер да се стегне. По желба, можете одозгора да ставите чоколадна глазура, но доволна е декорацијата со виљушката.