Често ги подготвувам зошто се брзи, вкусни и децата ми ги сакаат најчесто за појадок или вечера.

Потребни состојки:

2 јајца
1 чаша (180 мл) јогурт 2.8 мм%
2 чаши пченкарно брашно
½ чаша масло
½ прашок за печиво
½ лажичка сол
300 г фета сирење

Постапка:

Изматете ги јајцата со жица, додадете јогурт, брашно, прашок за печиво и сол, па изматете смесата добро да се соедини.

Фета сирењето искршете го на коцки и додадете го во смесата. Промешајте.

Полнете ги намастените калапи со смесата, не ги преполнувајте. Оставете простор за да пораснат при печењето.

Се печат на тепература од 200 степени околу 15 минути.
Јас користам мали калапи за мафини и ми излегуваат 24 мафини.

Во ½ од смесата додадов еден врзоп сечкана блитва и добив преубави мафини со малку поинаков вкус.

Инаку оваа смеса за мене е основа за сите мафини од чисто пченкарно брашно без додавање на бело брашно.