Најдобриот сос на светот: За овој прелив ви се потребни три состојки, а кромидот не мора да го сечкате

Италијанската готвачка Марсела Хазан ви го претставува рецептот за тестенини кој и официјално беше прогласен за најдобар на светот.

Сосот за тестенини кој од сајтот Delish беше прогласен за најдобар на светот се приготвува од само три состојки, а дури и не мора да го сечкате кромидот.

Марсела, авторка на книгата „Основи на класичната италијанска кујна“ советува дека најдобриот сос од домати се приготвува од три состојки: кромид, путер и конзервиран домат.

Потребни состојки:

800 г домат од конзерва, лупен
1 главица кромид
6 лажици путер

Постапка:

Кромидот исечете го на половина, додадете путер и домати. Динстајте на средна температура околу 45 минути. Промешувајте повремено, а на самиот крај извлечете ги парчињата кромид, а со остатокот од смесата прелијте ги тестенините.

Loading...