Посната варијанта на кокосовиот колач можеби е подобра дури и од масната, затоа што е помалку калорична, а со вкусот воопшто не заостанува зад оригиналниот колач. За сите љубители на мирисот и вкусот на кокосот, ова е одличен рецепт. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г пченично меко брашно т400, 180 г кокосово брашно, 100 мл масло, 400 мл газирана вода (може и обична), 180 г шеќер (може и по вкус, мах 200 г), 100 г суво грозје или брусница, а може и комбинација или сечкано суво овошје по избор, 10 г прашок за печиво (1 кесичка), и уште шеќер во прав за наросување или кокос




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 200 г пченично меко брашно, па додајте 180 г кокосово брашно, 180 г шеќер кристал, 10 г прашок за печиво (една кесичка) и 100 г суво грозје (ние ставивме само 50 г сува брусница).




Измешајте ги сите суви состојки додека да се изедначат. Потоа во мешавината започнете да ги додавате течните состојки: 200 мл газирана вода и 100 мл масло за готвење. Промешајте со лажица или шпатула додека да се впијат состојките.




Потоа додајте уште 200 мл газирана вода (вкуспно 400 мл), додека фино да се изедначи смесата. Треба да добиете густа смеса како тесто, но со конзистенција на влажен песок кога многу лесно се обликува.




Смесата истурете ја во претходно намастен калап со димензии 27х16 см (или приближно) и израмнете ја (можете лесно да ја обликувате во форма каква што сакате и со димензии какви сакате).




Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина час. Проверете со чепкалка, па доколку излезе сува кога ќе го боцнете колачот, значи дека добро се испекол. Но, внимавајте да остане светол, да не го препечете.




Одозгора можете да го наросите со шеќер во прав или кокосово брашно, или да направите бела глазура така што во прав шеќерот постепено ќе додавате вода додека да добиете мазна конзистенција како глазура. Сечете и послужете. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.