Home Рецепти Најбрзиот вкусен обланди кој се приготвува за 10 минути

Најбрзиот вкусен обланди кој се приготвува за 10 минути

Овој прекрасен десерт ќе го направите за само 10 минути!

Освен обланди ќе ви бидат потребни и следниве состојки: 500 мл млеко, 500 г шеќер, 4 лажици брашно, 1 јајце, 100 г чоколадо и 1 маргарин/путер од 250 г. Постапка: Сите состојки ставете ги во еден сад и на умерена температура гответе ги околу 7 минути откако ќе зоврие смесата.

Јајцето разматете го, додадете го брашното и постепено додавајте малку млеко за да се добие компактна маса. Останатите состојки: путерот, млекото, шеќерот и чоколадото искршено на коцки, загрејте ги за да се растопат, па додадете го јајцето со брашното па мешајте додека да се згусне.

Добиената смеса не мора да ја чекате да се олади целосно, доволно е да биде млака. Рамномерно филувајте ги обландите од страната која е порапава, односно со испакнатите коцки. Потиснете ги одзгора со некоја тежина и оставете да се стегне колачот. Сечете на коцки или правоаголници и послужете!