Најбрзата МЕДЕНА ТОРТА со павлака и уште неколку состојки, за 25 минути ќе може да ја послужите. Многу едноставна, а сепак со богат вкус. Оваа торта ги надмина сите очекувања. Само се меша, се излева и се пече кората, а кремот уште полесно се подготвува.




Никаде не сум сретнала волку вкусна и едноставна торта која нема да ви одземе цел ден или два дена за нејзино приготвување. Уште поинтересно е тоа што не треба да чекате да се стегне во фрижидер, туку може одма да ја јадете.




Потребни состојки за кора: 160 г путер, 180 г мед, 1,5 лажичка сода, 4 јајца, прстофат сол, 150 г шеќер, 250 г брашно. Во овој рецепт се користени јајца со тежина отприлика 65 г, според големината на вашите јајца кои ќе ги користите видите дали треба да додадете или одземете некое.




А за кремот ќе ви бидат потребни само 3 состојки: 800 г неутрална павлака со 20-25% масленост, 150 г шеќер во прав и 1 кесичка ванилин шеќер.




Подготовка на кората: Во тенџере ставете го путерот и причекајте да почне да се топи на средна кон ниска температура. Додајте го медот и со повремено мешање соединете ги состојките во еднолична смеса.




Додајте 1,5 лажичка сода и гответе на ниска температура додека смесата да добие густа кон пенаста структура со златно-жолта боја. Потоа тргнете од оган и оставете настрана да се излади.




Во друг сад изматете пенасто со миксер 4 јајца. Додајте прстофат сол и постепено почнете да го додавате шеќерот. Најдобро да го додавате на 4 дела како што направив јас, и да матите со миксерот за да може полесно да се растопи.




Во оваа смеса додавајте ја постепено смесата со мед, која треба да биде целосно изладена. Соединете со миксер. Потоа земете сито и просејте го брашното со него. Кога го додавате брашното, повеќе не матите со миксерот туку само со шпатула.




Соединетата смеса ја преливате во тепсија со слични димензии како мојата 42х32 см, подеднакво распоредувате и ставате на печење во претходно загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути. По печењето оставате кората целосно да се излади.




Подготовка на кремот: Павлаката ја матите со миксер додека да добие воздушеста структура па во неа ги додавате шеќерот во прав и ванилиниот шеќер и повторно соединувате. Пресечете ги краевите на изладената кора, па ја делите на половина, а потоа на пресек, за да добиете 4 еднакви кори.




Ставете една кора на чинија, ја премачкувате со кремот и одозгора редите втора кора, повторно премачкувате, и на крајот кога ја додавате последната кора ја премачкувате целата торта. Пресечените краеви ги сомелувате во блендер и со нив ја декорирате тортата по ваш избор. Послужете веднаш. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.