Брза, евтина и количински доста излегува, а ќе го воодушеви секој што ќе ја проба. За да ја приготвите оваа превкусна торта со банани ќе ви бидат потребни само 15 минути. пробајте и уверете се! Рецепт и видео презентација на Гурман ТВ – “Брза Банана Торта”

За подготовка на тортата ќе ви бидат потребни следните состојки:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г банани, 3 кесички шлаг во прав, 400 г кекси по ваш избор, 100 мл млеко + 125 мл млеко, 2 кесички шлаг во прав, 50 г бело чоколадо, 50 г темно чоколадо. Откако ќе ја приготвите тортата, треба да отстои во фрижидер 2 часа за да се стегне.

Постапка: Во еден сад ставете го млекото, кратко натопувајте ги биксвитите во него, една по една и редете ги калап или плех со димензии 24х24 см.

Во друг подлабок сад ставете ги излупените банани и со помош на виљушка испасирајте ги (или користете блендер).

Во пирето од банани истурете три кесички шлаг пена во прав и добро измиксајте со електричен миксер додека смесата да стане кремозна и воздушеста.

Ставете  третина (три-четири полни лажици) од кремот врз подлогата од биксвити и рамномерно распоредете и израмнете.

Откако ќе го израмните филот, одозгора наредете уште еден ред биксвити, исто така, претходно по малку натопувани во млекото.

Ставете повторно три-четири лажици од кремот, рамномерно распоредете и израмнете ја површината. Наредете и трет слој бисквити.

Секоја бисквита кратко натопете ја во млекото за да омекне. Одозгора нанесете повторно три-четири лажици од кремот, рамномерно распоредете и израмнете. Наредете четврти ред бисквити (малку натопени во млеко), па целиот колач оставете го во фрижидер да се олади еден час.

За тоа време бисквитите ќе омекнат убаво, а кремот ќе се стегне. После тоа време изматете го шлагот за декорација од 125 мл ладно млеко и две кесички шлаг во прав. Обложете ја целата торта со шлагот, а одозгора декорирајте ја со по 50 г рендано темно и бело чоколадо.

Вака приготвената торта вратете ја во фрижидер да се олади уште еден час. За побрзо можете да ја ставите 15-тина минути во замрзнувач. После тоа време можете да ја пресечете и да ја послужите. Сите детали од постапката за приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

II РЕЦЕПТ БАНАНА ТОРТА: Лесна, вкусна, брза, освежителна… Фотографија и рецепт на Анета Ане. Потребни состојки: 4 пудинг од ванила, 400 г кршени бисквити (пишкоти), 2 пакетчиња ресани, 200 г желе бонбони, 5 крем банани, 4 банани, 2 шлаг пена, 250 г путер/маргарин, 250 г шеќер во прав, 1 литар млеко и 12 лажици шеќер

Постапка: Пудинзите се варат во млекото со 12 лажици шеќер. Сварениот крем се остава да излади, па се меша со пенасто изматен путер и шеќер во прав. Во добиената смеса се кршат пишкотите, се додаваат ресаните исечени на четвртинки, сечкани желе бонбони и крем банани.

Се меша убаво за да се изедначи смесата која потоа се дели на два еднакви дела. Првиот дел се реди во калап обложен со најлонска фолија (јас користев поголемо тенџере), а врз него се редат сечкани банани.

Врз бананите се истура вториот дел од филот и убаво се израмнува. Тортата се остава неколку часа во фрижидер убаво да се стегне, а може и во замрзнувач.

Откако ќе се стегне убаво тортата, ја префрламе во чинија за сервирање и укасуваме со изматена шлаг пена и уште еднаш се враќа во фрижидер околу половина час. Потоа се сече и се послужува. / Банана торта (Фото и рецепт: Анета Ане)

Рецептот на Violeta Kicovska за слична торта наречена ШНЕТ: “Јас правев денеска нешто слично.

Постапка: 250 г бисквити се дробат и сечкаат 2-3 банани во кругчиња. Се вари 1/2 литар млеко со 4 лажици шеќер и 2 ванили. Во сад се мешаат 4 жолчки, со 2 лажици густин и малку млеко. Се прави крем и уште топол се истура врз бисквитите и бананите.

Се меша убаво и се става смесата во голема чинија за сервирање. Се матат 4-те белки и се става шлагот одозгора. Може да се украси со рендано чоколадо или украсни трошки. На здравје!”