НАЈБРЗА ПИТА СО ФЕТА СИРЕЊЕ: Се прави од 3 состојки за 5 минути, а се пече во тостер

Ова е најбразата пита што можете да ја приготвите, бидејќи трите состојки едноставно се промешуваат и се формира тесто кое потоа заедно со хартијата за печење се става во обичен тостер и се пече. Полесен и побрз рецепт од овој ретко можете да сретнете.




„Питата“ може да се послужи за појадок или вечера со чаша јогурт или кисело млеко, но одлично одговара како мезе или како предјадење со некој сос, па доколу ви се појават ненајавени гости на врата, можете пријатно да ги изненадите со оваа вкусна закуска.




За подготовка ви се потребни само три состојки и тоа: 1 јајце, 60 г брашно и 250 г фета сирење (може и друг вид на сирење, урда, ситно сирење за пити и слично). По потреба зголемете ги количините. Постапката за приготвување е премногу едноставна:




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете го брашното, скршете го јајцето и со прсти изронете го сирењето. Може претходно да го иситните со виљушка или да го изрендате, но сосем лесно може да се замеси тестото и доколку сирењето го изроните со раце.




Потоа соединете ги состојките со рака. Можеби ќе ви се чини тестото суво и ровко, но такво треба да биде. Кога убаво ќе го измесите треба да добиете една цврста топка со големина на тупаница.




Тестото префрлете го врз парче хартија за печење, завиткајте го и притиснете го со дланките за да се формира правоаголник или квадрат со големина која ќе го собере тостерот. Ако имате помал тостер, тогаш направете помала количина, или поделете го тестото. Оваа количина е доволна за тостер со класична големина.




Вака завитканото тесто ставете го да се пече 15 минути во загреан тостер, а потоа извадете го од тостерот и допечете го без хартија уште 5 минути. Доколку имате специјален тостер кој не лепи, можете да го печете без хартија, претходно намастен со малку масло.




Топлата печена „пита“ сечете ја на парчиња и послужете ја. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаПОХУВАНО ПИЛЕШКО со павлака, мајонез и сенф – гала вкусно јадење кое често ќе го правите
Следна статијаПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ ВО ПАВЛАКА: Брзо и сочно јадење, прсти да излижеш