Секој од нас сака навечер да го одмори телото после долг и напорен ден, а знаеме дека без спиење, организмот не може правилно да функционира. Спиењето, како што посочуваат и експертите е многу важно најпрво поради тоа што ги отстранува ток-сините од организмот.




Понатаму, спиењето дава енергија и помага во зајакнување на имунолошкиот систем. Доколку не спиете правилно, ќе забележите дека сте постојано мрзеливи, уморни, а работните обврски не можете да ги извршувате како што треба.




Сепак, некои луѓе си претпочитаат спиење и во текот на денот. Попладневната дремка може да има позитивно влијание во ревитализирање на телото во останатите часови од денот. Без разлика, дали се работи за дремка од 10 минути или повеќе, оние кои практикуваат попладневна дремка тврдат дека ги одмора како да отспале преку ноќ.




Покрај тоа, експертите најчесто советуваат и во која положба треба да спиеме за да не дојде до појава на брчки на лицето. Тоа е веќе познато дека спиењето на грб не го притиска лицето од ниедна страна, а на овој начин значително се забавува појавата на брчки.




Сепак, досега можеби не сте помислиле на ова, но и страната на која што спиете има важна улога за здравјето на орга-ните. Малкумина разбираат дека квалитетот на спиење е подеднакво важен како и количината на спиење.




Според бројни истражувања, изгледот на кожата, здравјето на дигестивниот систем, па и имунитетот зависи од положбата на спиење. На која страна е подобро да спиете, десна или лева, прочитајте во продолжение..




Во текот на ноќта може да менуваме многу положби, на стомак, на грб, на десна или лева страна.. Спиењето на грб може да придонесе до поголемо грчење, отежнато дишење, а тоа е опа-сно за оние кои па-тат од астма или се склони кон апнеа.




Исто така, некои студии покажале дека луѓето кои спијат на грб имаат намалена содржина на кислород во кр-вта, што го зголемува ризикот од појава на респираторни заболувања.




Спиењето на десна страна може да доведе до проблеми со варење на храната. На овој начин се забавува излачувањето на ток-сини од лимфниот систем, што доведува до зголемен ризик од појава на некои видови на фа-тални болести.




Спиењето на лева страна се смета за најкорисно. Се активира дигестивниот систем, посебно на желудникот и панкреасот, а се стимулира и излачувањето на ток-сини. Во продолжение прочитајте некои трикови кои ќе ви помогнат да ја смените положбата на спиење.




Лежите на креветот така што да има повеќе место на левата страна. На овој начин спиењето на десната страна ќе ви изгледа неудобно, а потоа сами по себе ќе се свртите на левата страна.

Исто така, ноќното светло или ламбата во вашата соба, ставете ја на десната страна од креветот. Потсвесно ќе сакате да бидете подалеку од изворот на светлина, а полесно ќе ви биде доколку се свртите на левата страна.

Покрај тоа, можете да ставите голема перница на десната страна на нивото на грбот. Перницата нема да ви дозволи да се свртите на левата страна, а постојано ќе чувствувате потпора позади вашиот грб. Повеќе за попладневната дремка и колку е оптималното време на спиење преку ден, прочитајте ОВДЕ.