Спиењето игра важна улога, не само во правилното функционирање на мозокот, туку и на повеќето важни органски системи на телото. Заморот и недостатокот на сон во текот на денот не се невообичаена појава, особено со модерниот начин на живот. Брзото темпо на живеење ни го скратува времето и квалитетот на сонот.

Дали некогаш ви се случило во текот на денот сонот да ве совлада и едноставно да не можете да ги држите очите отворени? На сите ни е познато како тоа понекогаш може да биде напорно, а слатката дремка во попладневните часови би била одличен избор зошто може да делува многу окрепнувачки.

Некои сведоштва велат дека после попланевната дремка се чувствуваат како препородени, а други пак, велат дека попладневната дремка ги прави да се чувствуваат уште поуморно. Трикот всушност е во дозирањето, колку е доволно, а колку е премногу сон во текот на денот?

Интересно е тоа што во некои култури сонот се смета за слабост и не се практикува подолготраен сон, а кај други култури како на пример кај Јапонците, се смета дека сонот е составен дел од организацијата и посветеноста кон работното место.

Во Јапонија и Кина на работодавците им е овозможено да дремнат од половина до еден час во текот на работното време. Научната поткрепа за ова истражување доаѓа оттаму, што се смета дека работодавите ќе бидат попродуктивни после попладневната дремка.

Јапонците се познати по тоа што секојдневно практикуваат попладневна дремка од неколку минути до еден час, а истражувачите утврдиле дека попладневната дремка го одмора телото и го подготвува за работата што треба да се заврши во остатокот од денот.

Голем дел од најдобрите светски умови и славни лидери, вклучително Ајнштајн и Черчил, биле познати по својата рутина, во одреден дел од денот да практикуваат кратко дремнување поради ревитализација, односно освежување на умот.

Некои научни студии велат дека дремката од половина до еден час може да биде корисна за мозокот, а по квалитет дури колку што трае целосниот сон во текот на ноќта. Поголемиот дел од нас, уште од предшколска возраст ја имаме загубено навиката за пладневна дремка.

Но, здравствените експерти сè почесто сугерираат дека оваа навика од детството може да биде од корист и кај возрасните. Во секој случај, секој лекар препорачува да одвоите неколку минути од денот и да ги посветите на попладневна дремка, а тоа да ви стане добра навика која носи неколку здравствени предности.

Попладневната дремка не е ефикасна само за зголемување на енергијата, туку претставува и превенција од срцев у-дар, го намалува ризикот од дијабетес, го регулира кр-вниот притисок и помага во спречување на деменција во постарите години.

Најважно од сé, е тоа што попладневната дремка го намалува ризикот од хронични воспалителни процеси кои би можеле да бидат опасни по здравјето и ризик од појава на нарушени когнитивни процеси, како и губење на меморијата. Ваквата состојба води кон намален квалитет на живот. Должината на попладневната дремка различно влијае на нашиот организам, Прочитајте на кој начин:

Дремка од 10 до 20 минути

Според истражувањата, 10-20 минути попладневна дремка се доволни за енергијата во вашето тело да се зголеми, а после станување ќе се чувствувате препородени. Особено е ефикасна после ручекот, бидејќи сета к-рв е насочена кон желудникот кој има улога во варење на храната.

Но, треба да бидете внимателни, оваа дремка да не ви премине во длабок сон. Затоа не би било лошо ако дремнете на каучот во дневната или на место каде ќе се разбудите лесно. Или пак, би можеле да си поставите аларм кој ќе ве разбуди во случај на продолжен сон.

Дремка од 30 минути

Навистина е тешко да одолеете на получасовна дремка и да не продолжите да спиете. Получасовната попладневна дремка, докажано е дека има поголемо позитивно влијание. Оваа дремка ги подобрува менталните функции, го намалува стресот, го намалува ризикот од дијабетес и зголемувањето на килограмите.

Получасовната дремка е идеална во периодот веднаш штом ќе се вратите од работа, а вашиот организам ќе се ресетира после напорниот ден. На овој начин силата и снагата со сигурност ќе ги вратите и повторно ќе се чувствувате одморено и енергично.

Дремка од еден час

Доколку работата која ја работите, ве исцрпува вас и вашето психичко здравје, тогаш најдобриот начин да се справите со стресот е да отспиете еден час. На овој начин ќе потонете во подлабок сон, а вашата сила ќе се обнови и стресот со сигурност ќе исчезне. Една нус појава која ја предизвикува оваа дремка е тоа што кога ќе се разбудите ќе се чувствувате малку поспани и расеани.

Дремка од час и половина

Во 90 минутен сон, ќе успеете да свртите еден полн циклус на сонот, вклучувајќи ги фазите на површен и длабок сон. Можно е да “влезете” во т.н. РЕМ фаза, односно фазата на сон. Оваа долга дремка ќе овозможи да ја вратите физичката и менталната снага, а што е најважно ќе успеете лесно да се разбудите и ќе се чувствувате свежи и одморени.

Попладневната дремка се покажала како поефикасен начин на будење на организмот отколку кофеинот. Затоа во текот на денот одвојте време и дремнете на кратко. На вашиот организам ќе му се случи чудо, а вие ќе се чувствувате посвежи од кога било. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска.