Македонската православна црква и нејзините верници денес ги слават Светите апостоли Петар и Павле, празник кај народот попознат како Петровден. Денес е ден за одмор, мир и молитва. Ова е приказната на една жена, запишана во записите на старите отци.
“Десет години, цели десет години патев и трпев. Десет години! Денес тоа е само сон, со милоста Божја, благодарам! Десет години, како што знаете, бев болна и куцав на едната нога. Од Свети петар пред десет години до Свети петар оваа година. Слава му на драгиот Бог на невесите!
Многу добро го знаев мојот грев. Пред десет години на денот на Свети Петар тешко се огрешив.
Наместо како што ме учеше мајка ми, и на овој ден како што правеле нашите стари побожни, да одам на овој голем свет празник во храмот на Свети петар каде свеќано се служеше светата литургија, каде се слушаше побожна беседа, каде испосничките срца нагладно доаѓаа на света исповед и света причест…
Ви велам, наместо сето тоа, јас грешната, тој ден купив сено. Ме гледате со неверување? Да, купив сено. Токму на тој свет ден јас го купив сеното, го сушев и го пластев. О Боже, каде ми беше паметта?
Ете гледате? Тоа беше мојот тежок грев! Чувствував и самата дека не е во ред тоа што го правам и дека тоа е грешно, но ете, продолжив и го правев. Во ушите цел ден ми одзвонуваа ѕвона и слушав гласови и свето црковно пеење.
Пред очи ми излегуваа слики на свети икони, запалени кандила и свеќи и сјајни свештенички одежди. Во носот го чувствував мирисот на онаа потна летна горештина измешана со мирисот на темјан. Сето ова го чувствував цел божји ден, па дури и викотниците пред црква и детските свирчиња, но ете нешто, не ми даваше да ја оставам работата.
Имав намерачено да го искористам убавиот летен ден, како да нема други денови. Грешна сум, грешна! Врелиот петровски ден, ливадата не баш мала, цел ден до здив не можев да дојдам. Немав време ни да ручам, малку само нешто од нога каснав. Без одмор работев.
А кога Сонцето тргна кон запад, почнав да го пластам сеното. Тоа беше суво како барут. Немаше време за да бидам уморна.
Кога конечно завршив, тукушто почнав да се подготвувам и да трнам дома конечно да одморам, одеднаш почувствував како струја да ми помина низ ногата. Ти благодарам, Слава Твоја мили Боже! Ја испружив ногата потпирајќи се на здравата, мислејќи дека само ми отрпнала, ама трпките не поминуваа.
Се навалив на најблискиот пласт и се потпрев на вилата, но болките стануваа се посилни, што за малку не почнав на глас да викам. Солзи ми потекоа низ лицето.
Господе Боже, вроснав, прости ми! Никогаш повеќе, никогаш повеќе!
Јасно пред очи ми се појави мојот грев тој Божји ден, длабоко бев свесна за воите гревови и уверена дека гревот е причина за моите болки. Со сета моја душа му се молев на Господ Бог да ми прости: Никогаш повеќе, мили Боже! Во истиот миг се заветував таму на ливадата, дека никогаш повеќе нема да работам на светите празници и дека секогаш, додека сум жива, на Свети Петровден ќе одам во храмот како права христијанка.
И го одржав мојот збор до последниот овој час. Со милоста Божја, болката малку ми потпомина и со лесно кривење стигнав дома. Болките не исчезнаа, се менуваа со текот на времето. Добро знаев и секогаш точно ги чувствував временските промени: дали ќе врне или ќе доаѓа убаво време. Прво ми беше тешко, а потоа се навикнав. Знаев дека морам да кривам додека одам.
Секоја година постев и се исповедував, а светите служби не ги пропуштав и ги слушав простум, на нозе.
Застанував во редот и чекав за причест, полека се приближував побожно случајќи ја песната – Телото Христово примете го, од изворот на бесмртноста вкусете!
Никогаш дотогаш не сум се чувствувала така во тој свет час. Некоја леснотија ме обзеде, како да сум без тело, Боже прости ми, некако како ангелска сила да ме обзеде. Тој миг ми се чинеше дека можам да полетам…
Првите што стоеја до мене ми рекоа – па ти веќе не кривиш! Паднав на колена, главата ја спуштив до црквениот под. Целото мое битие се слеа во една бескрајна благодарна молитва.
И ете, мили мои, Со Божјата милост мојата нога сега е здрава, како никогаш претходно да не сум била болна.”
Ова е една приказна од записите на отец Стефан Јањетовиќ за жената која не го испочитувала овој голем светец.