Мерлин Монро е жена на чија убавина и ден денес и се восхитуваат луѓето ширум планетата, а неретко се обидуваат да ја откријат и тајната на нејзиниот совршен изглед.

Во еден документ од 17.март 1959 година, кој бил адресиран на госпоѓа Мерилин Монро Милер (во тоа време таа била мажена за драматургот Артур Милер), унгарскиот дерматолог Ерно Лазло од истоимената козметичка компанија и напишал детални упатства за нега на кожата кои оваа филмска ѕвезда ги применувала секојдневно.

Овој документ сега се води како артефакт, меѓу останатата музејска колекција.

Според пропишаната рутина, славната глумица наутро започнувала со миење во топла вода со сапунот Active Phelityl, по што нанесувала тонер за матирање на лицето Normalizer Shake-It.

Истиот се нанесува со туфер на лице, така што се става во мали количини, а потоа се утапкува по површината на кожата.

Мерлин потоа користела крем за нега на подрачјето околу очите, а потоа и пудра за лице и врат кои ги утапкувала со помош на марамче.

Навечер ја повторувала утринската рутина, а кога требало да оди на некој наста, кремот за околу очи го користела за целото лице, вклучително вратот и деколтето.

-Тој посебно го осмислувал секој рецепт за сите свои клиенти. Мерлин Монро имала сува кожа, па најважно било добро да ја хидрира.

Во упатството исто така се наведува и тоа дека дерматологот ја советувал да не консумира јаткаси плодови, чоколадо, маслинки и школки – вели Патрисија Шуфенхауер, историчарка на брендот Ерно Ласзло, кој сè уште постои.

Покрај овој аптекарски рецепт, Монро исто така, кожата ја третирала со вазелин и други бањи.

-Мерлин Монро ја имаше најсјајната кожа што некогаш сум ја видела. Таа еден ден се појави во друштво на Ли Стразберг и морав да ја прашам што користи за нега и од што и таква кожата.

Мерлин ми рече: “Целото тело го тријам со вазелин, а потоа си правам топла бања во кадата во која поминувам и до три часа, и така секое утро” – раскажала американската глумица Рене Тејлор.

Рене се обидела да го примени советот на Мерлин, но не успеала да го постигне истиот ефект и покрај тоа што силно посакувала да има кожа како нејзината.

“Се обидов и јас. За малку ќе се удавев”, изјавила Рене.