Рецепт за пире за рамен стомак
Овој едноставен, а ефикасен рецепт за пире од јаболка, зелка и овесни снегулки е создаден за да го поттикне метаболизмот, да го подобри здравјето на цревата и да помогне во намалувањето на масните наслаги во пределот на стомакот.
Со нискокалорични состојки богати со влакна, ова пире нуди чувство на ситост, а истовремено го чисти организмот од токсини и го олеснува варењето.
Подгответе го овој вкусен и здрав оброк за само неколку минути и уживајте во неговите придобивки, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 1 црвено јаболко
– 1 зелено јаболко
– 1/2 главица зелка
– 1 чаша овесни снегулки
– 3-4 чаши вода
– 1 лажичка цимет во прав
– 1 чаша сок од портокали
– НМД

Постапка:
1. Исечкајте ги црвеното и зеленото јаболко на помали парчиња, откако претходно добро сте ги измиле.
2. Исечкајте ја половините од главицата зелка на ситни парчиња и темелно измијте ја.
3. Во блендер ставете ги исечканите јаболка, зелката и овесните снегулки.
4. Додајте 3 чаши вода за средна густина на пирето. Доколку сакате поретка конзистенција, додајте 4 чаши вода.
5. Блендирајте ги состојките додека да се добие хомогена смеса.
6. Префрлете ја смесата во тенџере и гответе ја на тивок оган 3 минути, повремено мешајќи за да се добие еднаква конзистенција.
7. По 2 минути готвење, додајте ја лажичката цимет во прав и продолжете со мешање уште 1 минута за да се соедини вкусот.
8. Тргнете го тенџерето од оган и оставете го да се излади неколку моменти, додека да престанат да се формираат меурчиња.
9. Додајте ја чашата сок од портокали и добро промешајте за да се соедини со пирето.
10. Послужете го пирето во сад по ваш избор.
Начин на употреба:
Ова пире е доволно за два оброка. Доколку имате поголем апетит, може да го консумирате целото количество во текот на еден ден.
За лица со умерен апетит, поделете го на два дела и консумирајте го во текот на два дена.
За оптимални резултати, консумирајте го пирето 3 дена по ред како главен оброк во денот. Пирето може да се чува во фрижидер и да се консумира свежо во рок од 24 часа.
Начин на дејство:
Овој рецепт комбинира состојки богати со влакна и ензими кои го поттикнуваат метаболизмот и го подобруваат здравјето на цревата.
Јаболката содржат пектин, ензим кој го забрзува метаболичкиот процес и помага во разградувањето на мастите.
Зелката делува како природен детоксикатор, чистејќи го дигестивниот систем од токсини и отпадни материи.
Овесните снегулки, како нискокалоричен извор на едноставни јаглехидрати, обезбедуваат ситост без вишок калории, овозможувајќи му на телото да согорува складирани масти.
Циметот го подобрува вкусот и дополнително го стимулира метаболизмот, додека сокот од портокали го поттикнува варењето и помага во елиминацијата на надуеноста и констипацијата.
Редовната консумација на ова пире, во комбинација со балансирана исхрана, може да придонесе за намалување на масните наслаги во пределот на стомакот и за подобрување на целокупното здравје.
Постапката за приготвување можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ:




































