Home Посно јадење НАЈУБАВИТЕ ПОСНИ ДОМАШНИ УШТИПЦИ…Приготвени на овој начин нема да впијат ни капка...

НАЈУБАВИТЕ ПОСНИ ДОМАШНИ УШТИПЦИ…Приготвени на овој начин нема да впијат ни капка масло…

НАЈУБАВИТЕ ПОСНИ ДОМАШНИ УШТИПЦИ…Приготвени на овој начин нема да впијат ни капка масло…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г брашно
350-400 мл млака вода
1 кесичка сув квасец (или 20 г свеж квасец)
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад сипете една полна лажица брашно, шеќер, квасец и малку млака вода. Промешајте за сето да се изедначи и оставете 5-10 минути на топло место за да се активира квасецот и да запени.

2.Во стасаниот квасец додајте го остатокот од млаката вода, солта и започнете постепено да го додавате брашното. Мешајте со лажица за добро да се изедначи и да нема грутчиња.

Ова тесто не се меси со рака, затоа што е доста меко, полутечно, а кога ќе го црпите, од лажицата паѓа во пластови и малку се тегне…Покријте го и оставете го на топло место 40-тина минути или колку што е потребно за убаво да го зголеми волуменот.

3.Повторно промешајте го со лажицата, покријте го и оставете го повторно да ферментира и да го зголеми волуменот, 15-тина минути.

4.Во широко тенџере или тава сипете 600-700 мл масло да се загрева на умерена температура. Две лажици потопете ги во топлото масло, па со едната црпенете од тестото, а со помош на другата лажица подбутнете го за да се испржи во маслото.

На овој начин обликувајте ги уштипците и пржете ги по неколку минути од двете страни додека да добијат убава златна боја. Постапката погледнете ја ОВДЕ.