Посна Фереро торта
Оваа торта е вистинска комбинација на чоколадо и лешници, без состојки од животинско потекло, а сепак со богат и неодолив вкус, пишува НМД.
Наместо млеко се користи растително млеко или вода, а тортата е толку вкусна што никој не забележува дека е посна. Ќе уживате во нејзиниот вкус!
Рецептот го испроба и го објави нашата членка Светлана Карапетровска Македонска во групата НМД рецепти. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
За кора:
– 400 мл топла вода
– 13 лажици шеќер
– 3 лажици џем (јас користев од слива)
– 17 лажици брашно (270 г)
– 3 лажици какао (околу 40 г)
– 100 г мелени печени лешници
– 2 лажички сода бикарбона
– НМД
За крем I:
– 800 мл растително млеко или вода
– 3 чоколадни пудинзи (120 г)
– 6 лажици шеќер
– 125 г маргарин
– 100 г мелени печени лешници
– 100 г чоколадо за јадење со какао
– 200 г мелени бисквити (по потреба, зависи од густината на кремот)
За крем II:
– 125 г маргарин
– 120 г шеќер во прав
– 200 г мелени печени лешници
– 250 г мелени бисквити
– 100 г чоколадо за јадење со какао
– 200 мл растително млеко
– малку вода (околу 50 мл, зависи од бисквитите)
Дополнително:
– 250 г посен чоколаден намаз
– 100 г чоколадо за јадење со какао
– 2 лажици масло
– 165 г шлаг за украсување
Постапка:
Во топла вода ставете шеќер, промешајте, па додајте џем и повторно измешајте. Додајте брашно, какао, лешници и сода бикарбона, па соединете сè со жица. Загрејте ја рерната на 180°C.
Обложете голем плех со хартија, поделете ја смесата на два дела и испечете две кори – секој по 10 минути. Оставете ги да се изладат.
Крем I:
Измешајте ги пудинзите и шеќерот со малку од млекото (од 800 мл) за да нема грутки. Останатото млеко ставете го да зоврие, па пред вриење додајте ја смесата со пудинг и мешајте додека се згусне.
Тргнете од оган, додајте маргарин, лешници и искршено чоколадо, па мешајте додека сè се стопи. Покријте со фолија и оставете да се излади.
Кога ќе се излади, додајте мелени бисквити (100-200 г, зависи од густината) за да добиете мазен крем.
Крем II:
Изматете маргарин со шеќер во прав, додајте стопено чоколадо, па соединете. Вметнете лешници, бисквити и млеко, и измешајте. Ако е сува смесата, додајте малку вода за да стане мазна.
Составување:
Исечете ги корите на половина за да добиете 4 дела. Премачкајте ги со посен чоколаден намаз. На првата кора ставете од кремот со бисквити и лешници, па од чоколадниот крем.
Повторете со трите кори, а четвртата ставете ја одозгора и притиснете. Останатиот крем употребете го за премачкување на целата торта.

Декорација:
Оставете ја тортата малку да се излади, па украсете ја со шлаг или по желба. Уживајте во оваа прекрасна посна торта! Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ: