Најсочниот ПОСЕН КОЛАЧ со какао и џем – без млеко и јајца, а многу вкусен!
Овој рецепт е вистинско откритие за сите љубители на слатки кои сакаат да уживаат во посен десерт без млеко и јајца, а сепак да се воодушевуваат на богат вкус.
Комбинацијата од какао, мармалад и ореви создава сочен колач што ќе ве освои на првиот залак, пишува НМД.
Подгответе се за едноставна подготовка и неодолив резултат – совршен за секоја прилика! Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 400 мл вода
– 200 мл масло
– 150 г шеќер
– 1 кесичка ванилин шеќер
– 1 лажица сода бикарбона
– 1/2 лажица арома на рум
– 100 г мармалад (по ваш избор)
– 400 г брашно
– 2 лажици какао во прав
– 100 г мелени ореви
– НМД
Корисни алатки:
Огноотпорни ракавици и силиконски кујнски алат, цена ОВДЕ. Силиконска шпатула, цена ОВДЕ. Нелепливи калапи за печење леб, цена ОВДЕ. Метално тенџере со капак, голем капацитет, цена ОВДЕ.
Кујнски крпи, цена ОВДЕ. Садови со капаци во разна големина, цена ОВДЕ. Нелепливи 3 силикони, цена ОВДЕ. Кутија за колачи, цена ОВДЕ. Жица за матење, цена ОВДЕ. Нож за сечење леб, цена ОВДЕ.
Постапка:
Во длабок сад, измешајте ги водата, маслото, шеќерот и ванилиниот шеќер додека шеќерот малку се растопи. Додајте ја содата бикарбона и аромата на рум, па промешајте.
Вмешајте го мармаладот и мешајте додека смесата стане рамномерна.
Постепено додајте го брашното и какаото, мешајќи со жица или лажица за да не се создадат грутки. На крај, вмешајте ги мелените ореви.
Смесата истурете ја во намрсен или обложен плех 33х20 см (со хартија за печење).
Печете во загреана рерна на 180°C околу 20-тина минути. Проверете со чепкалка – ако излезе сува, колачот е готов!
Оставете го колачот малку да се излади, па по желба премачкјате го со мармалад и посипете го со мелени кекси/ореви/кокос.
Уживајте во овој раскошно вкусен посен колач што ќе ги изненади и најпребирливите гурмани! Видеото погледнете го ОВДЕ:
https://youtu.be/XWWm4v8eRP8?si=ki-N5HYpXq85FLxr