Најлесен и најбрз начин да ги спакувате доматите за зима…Без конзерванси и хемија, имаат рок преку 2 години…Еве што ви е потребно според рецептот на Том Филос:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
-домати
-сол
ПОСТАПКА:
1.Доматите убаво измијте ги, па пресечете ги на половина и отстранете им го тврдиот дел од дршката.
2.Сомелете ги во блендер со малку сол по вкус. На една тегла приближно ставете третина или половина лажичка сол.
3.Мелениот домат складирајте го во тегли и веднаш цврсто затворете ги со чисти капаци.
4.Теглите наредете ги во плех од рерна, да не се допираат една од друга и ставете ги во ладна рерна. Потоа вклучете ја на 90 степени и оставете ги теглите најмалку 3 часа. Постапката погледнете ја ОВДЕ.