Најбрза посна торта – без готвење, печење, млеко и јајца…
Најбрзата посна торта е вистински доказ дека она што е едноставно и лесно може да биде многу вкусно и убаво, пишува НМД.
Ако ви треба десерт за неочекувани гости или немате време, штотуку сте се вратиле од работа, тогаш изберете ја токму оваа посна торта, бидејќи се подготвува за половина час, а вкусот ѝ е извонреден.
Потребни состојки:
За кората:
– 300 г мелени посни бисквити
– 150 г маргарин
– 100 г шеќер во прав
– 150–200 мл сок од портокал
За филот:
– 300 г посен шлаг
– 300 мл газирана вода
– 300 г мелени посни бисквити
– 50 г мелени ореви (по желба)
– 100 г маргарин
– 100 г шеќер во прав
– 300 г овошје (мешавина од црвено овошје, малини, капини или дури и банани)
Дополнително (по желба):
– Ако сакате повеќе фил, додајте 100 г мелени бисквити и 100 мл газирана вода.
Постапка:
1. Подготовка на кората:
Во сад измешајте 300 г мелени посни бисквити. Додајте 150 г растопен маргарин, 100 г шеќер во прав (или по вкус) и 150–200 мл сок од портокал.
Ако сакате потврда кора, слична на онаа кај чизкејк, ставете помалку сок (150 мл). За помека и мазна кора, додајте 200 мл. Мешајте додека смесата да се соедини.
Префрлете ја смесата во калап со пречник од 26 см, рамномерно распоредете ја и притиснете ја со лажица. Ставете ја кората во фрижидер да се стегне.
2. Подготовка на филот:
Во сад изматете 300 г посен шлаг со 300 мл газирана вода. Кога шлагот ќе се згусне, додајте 300 г мелени бисквити и мешајте.
Смесата е подобро да биде погуста отколку ретка – лесно можете да додадете малку газирана вода ако е потребно.
По желба, додајте 50 г мелени ореви, лешници или бадеми. Ако не сакате ореви, можете да додадете уште малку бисквити (на пример, 100 г бисквити и 100 мл газирана вода).
3. Додавање на маргарин во филот:
Во друг сад изматете 100 г омекнат маргарин со 50–100 г шеќер во прав.
Постепено додавајте ја смесата со шлаг и бисквити, матејќи додека да се соедини.
Ако смесата е многу густа, додајте малку газирана вода, но внимавајте да не стане премногу ретка, бидејќи замрзнатото овошје ќе ја отпушти.
4. Додавање на овошје:
Во филот додајте 300 г замрзнато овошје по ваш избор (мешавина од црвено овошје, малини, капини, вишни) или, ако не сакате киселкаст вкус, исечкани банани. Лесно промешајте.
5. Составување на тортата:
Извадете ја кората од фрижидерот (ако не е доволно стегната, ставете ја кратко во замрзнувач). Распоредете го филот рамномерно врз кората и измазнете ја површината.
6. Ладење
Ставете ја тортата во фрижидер да се олади и стегне пред сервирање.
Оваа торта е готова за кратко време и е совршена комбинација на едноставност и одличен вкус! Деталите од постапката погледнете ги во видеото ОВДЕ: