Рецепт за домашен лут сос со модри патлиџани и пиперки
Овој рецепт за вкусен домашен сос со модри патлиџани и пиперки е совршен избор за сите љубители на пикантни и ароматични додатоци во јадењата.
Со богат вкус и густа текстура, овој сос ќе стане омилен во вашата кујна.
Подготвен со свежи состојки и едноставна постапка, тој е идеален за долготрајно чување и уживање во текот на целата година, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
– 1 кг модри патлиџани
– 1 кг црвени пиперки (ајварки)
– 150 г лути пиперки
– 10 чешниња лук
– 500 г благи пиперки (зелени)
– 50 мл масло (за пржење)
– 1 врзоп магдонос
– 2 кг домати
– 1 лажица крупна сол
– 1 лажичка шеќер
– 125 мл јаболков оцет (или вински оцет)
– 125 мл масло (за сосот)
– НМД
Постапка
1. Модрите патлиџани и црвените пиперки добро измијте ги. Модрите патлиџани избодете ги на неколку места со нож, а потоа заедно со пиперките ставете ги на плех за печење.
Печете ги во загреана рерна на 250 °C додека да омекнат и лушпата не почне да се одвојува. По печењето, ставете ги во пластична кеса, затворете ја и оставете ги да отстојат 20 минути за полесно лупење.
2. Лутите пиперки и благите пиперки исчистете ги од семките и исечкајте ги на покрупни парчиња. Лукот исто така исечкајте го на ситни парчиња.
Во тава на средна температура загрејте 50 мл масло и пропржете ги благите и лутите пиперки додека да омекнат, но внимавајте да не се распаднат. Откако ќе бидат готови, тргнете ги настрана.
3. Магдоносот крупно исечкајте го и оставете го настрана.
4. Доматите измијте ги, отстранете ги несаканите делови (гнилеж или оштетувања) и ставете ги во длабок сад.

Гответе ги на тивка температура додека да почнат да испуштаат сок, а потоа зголемете ја температурата на средна и гответе додека да се распаднат и лушпата почне да се одвојува.
Потоа, изблендирајте ги доматите за да добиете мазна текстура. Продолжете да го варите сосот на средна температура уште 5 минути за да се згусне.
5. Во згуснатиот доматен сос додајте 1 лажица крупна сол, 1 лажичка шеќер, 125 мл јаболков оцет и 125 мл масло. Промешајте и оставете да зоврие 1-2 минути.
6. Додајте ги пржените пиперки, лукот и магдоносот во сосот. Промешајте и варете уште неколку минути на тивка температура, внимавајќи сосот да остане во состојба на вриење.
7. Подгответе стерилизирани стаклени тегли. Додека сосот е сè уште врел, претурете го во теглите, наполнете ги до врв и затворете ги со нови капаци.
Превртете ги теглите наопаку и оставете ги да се ладат на собна температура без да ги допирате. По целосно ладење, чувајте ги на ладно и темно место.
8. Откако ќе отворите тегла, чувајте ја во фрижидер и консумирајте го сосот во рок од 7 до 10 дена за да ја задржи свежината.
Од наведените количини се добиваат приближно 8 тегли од по 425 г. Овој сос е одличен додаток за тестенини, месо или како намаз за леб.
Пробајте го и уживајте во неговиот богат и пикантен вкус! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:











