Мусака од зеленчук: брз и едноставен ручек, а вкусен и здрав

Фото и рецепт: Станислава Бановиќ

Овој рецепт сигурно ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

1 мала зелена и една мала жолта тиквица
1 модар патлиџан
2 компири
2 бабури пиперки
2 домати
1 главица кромид
200 мл неутрална павлака за готвење
Сув зачин по вкус
200 г кашкавал кој убаво се топи
Малку масло за тавата

Постапка:

Модриот патлиџан исчистете го и исечете го на тркалца. Тиквичките исто така, само отстранете го почетокот и крајот, па исечете ги на тркалца.

Пиперките, доматите како и компирите исечете ги на тркалца, а кромидот на коцки.

Намастете го дното на тавата, па ставете сечкан кромид а врз него исправено редете го зеленчукот наизменично.

Кога ќе наредите се’, наросете одозгора со сув зачин и прелијте со неутрална павлака, па нарендајте кашкавал.

Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени 30-40 минути.

Фото и рецепт: Станислава Бановиќ

Претходна статијаСлатко од смокви – нема нешто повкусно!
Следна статијаНЕСКВИК ТОРТА – слатко задоволство, за родендени оди како алва