Корисничка на ТокТок платформата Мама Мила објави видео кое има речиси три милиони прегледи: “Како креветот да ви мириса како сон”. Ова е едноставен наслов зад кој се кријат неколку итроштини кои навистина ќе ви го остварат она што Мила го ветува.
Најпрво, извадете ја постелнината и исмукајте го душекот во вакуум-машина (најдобро би било кога би имале од оние машините што дополнително имаат и тресалка, па смикањето би било уште подлабински и подетално).
Потоа, во една почка сода бикарбона додадете неколку капки есенцијално масло со вашата омилена арома. Аромата што ќе ја додадете треба да навистина онаа што вие ја обожувате, а од нејзиниот мирис чувствувате реласација и пријатност. Овој мирис е многу важен особено доколку имате проблем со заспивањето и неквалитетн сон.
Оваа мешавина наросете ја врз душекот и оставете да отстои најмалку половина час, доколку сте во брзање, а најдобро би било да ја оставите неколку часови. Сода бикарбоната рамномерно распоредете врз површината на целиот душек, а потоа со раката малку натапкајте го за се осигурате дека навлегол и во порите.
На овој начин ќе направите дезинфекција на вашиот душек, ќе се елиминираат лошите миризби кои тој ги впива со текот на времето и ќе се ослободите од микроорганизмите кои честопати знаат да се населат во душеците и перниците и да ни предизвикаат разни алергии.
Постелнината ставете ја во машина за перење и исперете ја на вообичаен начин, најдобро со течен детергент, а наместо омекнувач ставете половина шолја бел оцет (алкохолна киселина за јадење). Оцетот ќе ја омекне ткаенината и ќе ја направи пердувесто мека. Не грижете се мирисот, после перењето воопшто не се чувствува мирисот на оцет.
По изминатото време добро исмукајте ја сода бикарбоната од душекот, па навлечете ја испраната, исушената и испегланата постелнина која сега е блескаво чиста, мека и миризлава како сон. Видеото на ТикТок можете да погледнете ОВДЕ.
II Експертите предупредуваат никогаш да не ги переме алиштата на 30 и 40 степени, а имаат и добро објаснување. Перењето алишта на 30 и 40 степени се смета за грешка, особено кога станува збор за долната облека. Експертите не советуваат да престанеме да ја правиме оваа грешка.
Најчесто шарената облека сите ја переме на 30 или 40 степени, поради сензитивноста на материјалот и секако, поради боите. Доколку алиштата после перење и сушење ги пеглате, тогаш нема причина за загриженост.
Но, доколку ги облекувате директно од сушилница или жица за сушење, прочитајте го следново:
Имено, температурата на перење од 40 степени е на самата граница, но 30 е критична, бидејќи многу бактерии, како што е Ешерихија коли, успеваат да преживеат и на 37 степени!
Значи, доколку облеката ја перете на пониска температура, бактериите можат лесно да се задржат на ткаенината и после тоа да се пренесат, а од топлината и влагата на вашето тело да се размножат и да ја забрзаат својата инвазија причинувајќи различни болести.
Бидејќи температурата од 40 степени е на самата граница, микробиолозите советуваат за секој случај алиштата да не ја перете на пониска од 60 степени, а особено да не штедете на перењето на детската облека.
Тие нагласуваат дека долната облека, пешкирите и кујнските крпи како и постелнината исклучиво и задолжително треба да се перат на 90-95 степени.
III Позната наша докторка објаснува како да ја разликувате алергијата на прашина од настинка. За проблемите предизвикани од алергија на прашина пишува прим. д-р Соња Петровска, специјалист по педијатрија во Zan Mitrev Clinic
Алергија на домашна прашина кај децата
Алергијата на прашина е развој на алергиска реакција кон мали организми, грињи, кои најчесто живеат во домашната прашина. Знаци за алергија надомашна прашина се слични со оние за поленска треска, како што се кивање и течење на носот.
Многу луѓе со алергија на домашна прашина, може да имаат и знаци на астма, како што се свиркаво и отежнато дишење. Грињите, кои се блиски роднини на крлежите и пајаците, се премногу мали за да се видат без микроскоп.
Тие се хранат со отпаднатите клетки од кожатана луѓето, и се присатни во топли и влажни средини. Во повеќето домови, некои места, како постелнина, тапациран мебел и теписи обезбедуваат идеална средина за собирање на домашната прашина.
Со преземање на чекори за намалување на бројот на грињите во домот, може да се добие контрола врз алергијата на домашна прашина. Повремено се потребни лекови или други третмани за ублажување на симптомите и контрола на астмата.
Симптоми, кои се предизвикани од алергиска реакција на ниво на лигавицата на носните шуплини, вклучуваат: кивање, течење на носот, чешање, црвенило или солзи во очите, назална конгестија, чешање во носот, на лигавицата на тврдото непце или грлото, сливање на секрет, кашлица, притисок или болка во лицето, оток на лицето или халонирани очи; кај дете, често чешање на носот
Доколку алергијата на домашна прашина придонeсува за развој на астма, може да се јават и проблеми со спиење предизвикани од отежнато дишење, кашлање или свирење во градите како и напади на кашлица или свирење во градите, кои се потенцираат од респираторни вируси, како што се настинкаили грип.
Умерен степен на алергија на грињи од прашина може да предизвика повремено течење на носот, солзење на очите и кивање. Во тешки случаи, состојбата може да стане хронична, т.е. се манифестира со постојано кивање, кашлица, конгестија, притисок на лицето или тежок напад на астма.
Кога да се побара лекарска помош. Понекогаш е тешко да се знае дали имате настинка или алергија. Ако симптомите траат подолго од една недела, може да имате алергија.
Доколку состојбата се влошува со појава на тешка назална конгестија, отежнато дишење или тешко спиење – неопходна е помош од лекар. Итна медицинска помош треба да се побара ако настапи брзо влошување со појава на отежнато дишење или глад за воздух или ако губите здив при минимална активност.
Причини. Алергии се јавуваат кога имунолошкиот систем реагира на туѓа супстанција, како што се полен, миленичиња или грињи. Имунолошкиот систем произведува протеини познати како антитела кои штитат од несакани напаѓачи кои би можеле да направат болест или да предизвикаат инфекција.
Кога постои алергија, имунолошкиот систем прави антитела кои го идентификуваат алергенот како нешто штетно, иако тоа не е. Ако дојде до повторенконтакт со алергенот, имунолошкиот систем предизвикува воспалителен одговор во носните ходници или белите дробови.
Продолжената или постојана изложеност на алергенот може да предизвика хронично воспаление кое води кон астма. Грињите се хранат со органска материја, како што се клетките на кожата, кои што отпаѓаат, а вода апсорбираат од атмосферата.
Прашината, исто така, ги содржи фецесот и распаднатите тела на грињите, а тоа се протеините присутни во прашината, и кои се виновни за развој и наалергија кон миленичиња.
Компликации. Ако постои алергија на грињи, изложеноста на грињите и нивните остатоци може да предизвикаат компликации.
Синусни инфекции: Продолжените (хронични) воспаленија на лигавицата во носните ходници, предизвикани од алергија кон прашина,може да ја попречи дренажата на синусите во носните ходници. Овој застој на секретот, може да предизвика поголема можност за развој наинфекции на синусите (синузитис).
Астма: Луѓето со астма и алергија на прашина, често имаат потешкотии да ги контролираат симптомите на астмата. Тие можат да бидат изложени на ризик од напади на астма кои бараат итен медицински третман или итна медицинска помош.
Пишува: Прим. д-р Соња Петровска, специјалист по педијатрија во Zan Mitrev Clinic