МРАМОРЕН КУГЛОФ на чаша: Никогаш доста од овој предобар колач!

loading...

Фото и рецепт: Јадранка Кристоф

Се мери со чаша од 200 мл, а може и во јогуртна чаша. Важно е да се користи една иста чаша.

Потребни состојки:

3 чаши брашно

loading...

1 чаша шеќер

1 прашок за печиво

1 ванилин шеќер

1 чаша кисела павлака

1 чаша масло

4-5 јајца

4-5 лажици млеко

3-4 лажици какао

Постапка:

Одвојте ги жолчките, па заедно со шеќерот и ванилин шеќерот миксајте додека да станат пенливи. Постепено додадете масло, кисела павлака, брашно и прашок за печиво.

На крај со лажица измешајте го снегот од белки.

Смесата поделете ја на два дела, па во едниот додададте какао и добро измешајте со лажица додека да се изедначи.

Калапот за куглог намастете го и наросете го презла за да не лепи. Наизменично полнете го калапот со жолта и темна смеса.

Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 40-45 минути.

Печениот куглоф оставете го 10-тина минути да излади во калапот, па дури потоа извадете го на тацна. Одозгора наросете шеќер во прав.

Фото и рецепт: Јадранка Кристоф

loading...