Oва е еден многу убав, декоративен и сочен колач, кој многу ми се допадна на прв поглед, а кога го пробав, се уверив дека нема повкусен од него. Овој колач го носи името „аплауз“ бидејќи навистина ги заслужува сите пофалби. Во секоја торта или колач се користи путер или маргарин и најчесто оваа намирница ја „игра“ главната улога во сите рецепти.

Во овој колач тоа не е случајот. Се подготвува од малку намирници, а повеќето состојки се мерат со лажица. Толку е лесен за правење што нема да ви биде потребна дозерка за да го подготвите. Состојките лесно се паметат, а многу е вкусен кога ќе се прелие со специјалниот шеќерен сируп. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 белки, 5 жолчки, 15 големи лажици гранулиран шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 15 големи лажици масло, 15 големи лажици млеко, 15 големи лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво, сок и кора од еден лимон, 1 лимета – сок и кора. За шеќерен сируп: 300 мл вода, 250 г кристал шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 4 лажици какао, 1 ред чоколадо.

ПОСТАПКА: Нежно и внимателно одвојте ги белките од жолчките, а потоа од белките со додавање малку сол или неколку капки сок од лимон, изматете во цврст снег кој нема да паѓа со превртување на садот. Оставете ги белките во фрижидер до употреба.

Жолчките, шеќерот и ванилиниот шеќер, се матат со миксер додека да станат пенасти, па се додаваат маслото, млекото и брашното измешано со прашокот за печиво. На крајот нежно со шпатула се соединуваат со цврстите белки и сокот и кората од лимон и лимета. Со постепено додавање на белките во жолчките, превртувајте ја смесата од дното кон нагоре, не ја мешајте.

Мал плех премачкајте со масло и наросете со брашно, истресете го вишокот, па излејте го тестото за бисквит и печете во загреана рерна на 180 степени, приближно 30 минути.

Во меѓувреме додека се пече бисквитот подгответе го шеќерниот сируп, измешајте ги сите состојки, промешајте и кога смесата ќе зоврие намалете ја температурата и варете 2-3 минути за да се соедини преливот и да нема грутки.

Печениот пандишпан, извадете го од рерна, па веднаш со загреан нож исечете го на саканите форми и постепено преливајте го шеќерниот сируп. Преливајте полека додека да се впие еден дел, па полека прелијте го другиот дел од преливот и така додека да го потрошите (ова е многу важно да се прави постепено). / Сoolinarka.сom