МОЖЕ ДА ЦВЕТА ДУРИ 75 ПАТИ: Сите му се воодушевуваат, еве во што е трикот

Доколку и вие припаѓате на оние кои постојано бараат нови начини како да го украсат својот дом со цвеќиња, ви претставуваме еден прекрасен пролетно-летен цвет кој сигурно ќе го привлече вашето внимание.




Името на овој цвет е амарилис. Оваа луковичеста билка ни доаѓа од тропските предели на Америка и се сади од почетокот на ноември па до февруари, а цвета во мај и јуни. Припаѓа на семејството кокичиња.




Овој цвет има долги листови и исправено цврсто стебленце кои носи впечатливи, раскошни и крупни цветови во облик на труба.

Цветовите на оваа атрактивна билка може да се најдат во пурпурна, портокалова, црвена, бела боја, како и во двобојни варијанти, а толкавата разноликост оваа билка ја прави многу привлечна.




Со вкрстување на сортите на нашиот пазар може да се пронајдат различни варијанти според величина и облик, па така познати се мини и високи форми, двојни или едноставни цветови, но сепак, многу впечатливи.




Амарилисот е најдобро да се сади во специјални садови или саксии, а идеално место за чување на оваа билка е балконот. На украсната билка и одговара место под сенка или полусенка, барем во времето на цветање.




Без проблем ќе успее и на посилно сонце. Во фаза на мирување, амарилисот се препорачува да се внесе во ладна и потемна просторија за да може да вегетира, сè додека да се појават првите цветови.




Што се однесува до полевањето, амарилисот има големи потреби за вода, па затоа потребно е да се полева почесто. Во летните денови и на повисоки температури амарилисот се полева и до неколку пати дневно, по малку.




Некои од интересните факти за овој цвет е дека луковицата може да трае и до 75 години, а поедини видови имаат пречник на цветовите и до шест центиметри. Се размножува со семе и вегетативно со разделување на луковиците.




Потребни се 3-4 години за да може да расцвета новата луковица. Погледнете како изгледа овој прекрасен цвет, можеби ќе се одлучите тој да стане вашиот нов миленик во домот.

Претходна статијаВо обична вода додајте неколку листови ловор и пијте ја секој ден: Преполна со витамини, го јакне имунитетот, тoпи масти како на шега
Следна статијаКардиохирург го откри најдобриот лек за наглите временски промени: сите треба да бидат претпазливи, а жените треба да носат чорапи за вени