Момината солза е единствен вид од родот Convallaria. Цвета во мај. Има ѕвонести цветови. Сите делови од растението се о тровни. Таа е лековито растение и се користи за лекување на срцеви болести. Околу 38 различни срцеви гликозиди се пронајдени во момината солза, меѓу кои и: конваларин, конваламарин, конвалатоксин и др.
Момина солза е распространета во Европа, но не на Медитеранот ниту крај Атлантикот. Постои источна варијанта, (manschurica) што расте во Јапонија и во делови од источна Азија. Исто така во ограничен број, ова растение го има иво источниот дел од САД, познато како варијанта монтана. Постои несогласување околу тоа дали ова растение е навистина ендемско во САД или е донесено.
ЛЕГЕНДИ И ТРАДИЦИИ
Во Македонија ова растение се нарекува Момина солза, но постои легенда според која се нарекува и Солзите на Марија. Христијанската легенда го поврзува настанокот на ова цвеќе со солзите на Богородица Марија што ги ис-плакала за време на рас-петието Христово. Според некои толкувачи на легендите, ова се солзите на Ева што ги ис-плакала откако со Адам биле избр-кани од Еденската градина.
Англиското име на ова цвеќе „Крин од долината“ (lily of the valley) е употребено во некои преводи на Библијата, во песна над песните 2:1, но хебрејскиот израз shoshannat-ha-amaqim во оригиналниот текст (буквално значи крин од долината) не се однесува на овој вид растение.
Ова цвеќе е симбол на понизност и скормност во религиозното сликарство, но исто така го означува и второто доаѓање на Христос.
СИМБОЛ ЗА ПОВРАТОК НА СРЕЌАТА И ЉУБОВТА
Во дамнешни времиња младите мажи и девојки го береле ова цвеќе, бидејќи се верувало дека носи среќа и љубов. Кај нас порано постоел обичај за Ѓурѓовден луѓето да се китат со Момини солзи, како симбол на расцветаната пролет. Цвеќето е познато во целиот свет, а во некои држави станало и национален цвет.
САДЕЊЕ И РАЗМНОЖУВАЊЕ
Одгледувањето на ова растение е релативно лесно. Се сади од февруари до април на длабочина од 2 см и на растојанија од 10 – 12 см. Во пролетта, додека растението не цвета, потребно е редовно наводнување и одржување на влажна почва.
Кога ќе заврши сезоната на цветање, треба да се исечат овенатите цвеќиња и постепено да се намали наводнувањето. Бидејќи ова растение се шири релативно брзо, на почетокот од есента треба да се отстранат густо вкоренетите бокори и да се поделат подземните стебленца.
После пет години, цвеќињата треба да се откопаат и повторно да се пресадат во обработена земја. Момина солза може да се одгледува и во саксии. Ризомите се садат во саксии, а потоа заедно кои се закопуваат до рабовите во земјата во градината.
Во зима, саксиите се откопуваат и се внесуваат внатре на светло место. Соодветната температура е од 12 до 14 степени и потребно е умерено да се наводнува. Многу е важно температурата да не е превисока, бидејќи нема да процвета.
Примена на МОМИНА СОЛЗА
Оваа билка нашла одлична примена во официјалната медицина за лекување на разни болести. Има успешен ефект врз третманот на срцеви б олни и поволно делува на кр-вните садови. Целото растение се користи за подготовка на препаратот, односно цветот, листовите и коренот. Свежата билка е многу полековита и има посилен ефект врз организмот.
Со оглед на тоа дека е многу от-ровна, не се препорачува да се подготвува било каков вид на домашни лекови и препарати. Затоа, бремените жени и децата не треба да ја допираат, а после берењето или било каков контакт со ова цвеќе, потребно е темелно да се измијат рацете.
Исто така, цвеќето игра голема улога во производството на парфеми. Момина солза е еден од омилените адути на мириси. Во педесеттите години, Кристијан Диор заедно со Едмонд Рудничко го создадоа парфемот „Диорисимо“ со нежен мирис на ова Момина солза.
Во парфемите најчесто се комбинира со гарденија, цвет од портокал, мимиза и фрезија.