О, велика Божја угодничке! Храбра девојко, цврста маче-ничке, света Параскево! Со твоите свети молитви биди ни помошничка нам грешните, застапувај се и моли се за покајаните грешници.




Света и преблажена маче.ничко Христова Параскево, убавино на девственичките, пофалбо на маче-ниците, пример за чистота, огледало на велокодушните, восхит на премудрите, чуварко на верата христијанска, изобличителке на лагата идолска, поборничке на Божественото Евангелие,




ревнителке за Господовите заповеди, која се удостои да влезеш во пристаништето на вечниот спо.кој и во одајата на твојот жених Христос Бог да се радуваш, со двоен венец на девство и маче.ништво украсена!

св.Петка, петочко водиче / NMD.mk




Те молиме, света маче.ничке, биди за нас молителка кон Христа Бога, од Чиј што преблажен поглед секогаш се радуваме. Моли Го Семилостивиот, Кој со еден збор на слепородениот му ги отвори очите, да нѐ избави од болеста на нашите очи, на телесните и дyxoвните;




pacтргај го со своите молитви духовниот мрак, создаден од нашите гревови, измоли од Отецот на Светлината благодатна светлина за нашите дyxoвни и телесни очи;

св.Петка, петочко водиче / NMD.mk




просвети нѐ нас, помpaчените од гревови, со светлината на Божјата благодат, та преку твоите cлепи молитви да им се даде на оние кои не гледаат слатко гледање.

св.Петка, петочко водиче / NMD.mk




О, Велика Божја угодничке! Храбра девојко, цврста маче.ничке, света Параскево! Со твоите свети молитви биди ни помошничка нам грешните, застапувај се и моли се за покајаните грешници, побрзај да ни помогнеш, бидејќи сме немоќ-ни.

св.Петка, петочко водиче / NMD.mk




Моли Го Господа, чиста девојко, моли Го Милосрдниот, света маче.ничке, моли Го твојот Жених, непорочна невесто Христова, та потпомогнати од твоите молитви, да го pacтргнеме гревовниот мрак, во светлината на вистинската вера и дела Божествени да влеземе во светлината на вечниот невечерен ден,




во градот на постојана радост, во кој ти светло блескаш со слава и бескрајна веселба, славословејќи и воспевајќи го со сите небесни сили Трисветлото Единствено Божество, Отецот и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во вечни векови. Амин.

Св. Петка







11