Хрватскиот научник, молекуларниот биолог и директор на Проектот за човековиот гликом, д-р Гордан Лаук, се огласи на Фејсбук профилот за борбата против корона вирусот.

Последните седмици тој на повеќе наврати предупредува за тоа што може првенствено да се направи за одбрана против вирусите.

-Секој степен на намалување на релативната влажност го зголемува индекцот на трансмисијата-

Според него, најважно е да се одржува влажноста на воздухот во просториите каде се престојува, за да не дојде до исушување на носната слузокожа.

Човековата слузокожа во внатрешноста на устата, носот, дишните патишта и очите, може како мембрана да помогне во заштитата од коронавирусот. Затоа, потребно е да се одржува влажна – смета хрватскиот молекуларен биолог Гордан Лаук, повикувајќи се на своето искуство и низа научни трудови.

Тоа е едноставен трик кој на вашите гликани ќе им помогне да се заштитиме од болеста Ковид-19, истакнува Лаук.

Во најновиот текст “Сезоналноста на респитарорните вирусни инфекции”, објавен на 16 март во списанието Annual Review of Virology, чии автори се Мију Моријама, Волтер Ј. Хјунтоблер и Акико Ивасаки, експерти од Универзитетот Јејл Медицинскиот Институт Чеви Чејс во Мариленд, САД и Универзитетот во Цирих, го потврдуваат ова тврдење.

Во трудот нагласуваат дека освен надворешната влага, многу е важно да се земе во предвид и влажноста во просториите во кои се загрева.

Едно големо истражување кое било спроведено во Америка покажало дека во сезона на греење релативната влажност на воздухот во становите и јавните згради е помала од 24%, што многу лесно ја погодува трансмисијата на вирусот, па тој податок го сметаат за еден од значајните елементи поради кои респираторните вируси имаат сезонски карактер.

До пренесување на вирусите, секако, доаѓа и во влажни и топли услови, но тогаш преносот не иде примарно преку воздухот, туку преку предметите и на други начини.

Една претходна епидемиолошка студија спроведена цо 100 кинески градови покажала дека секој степен на намалување на релативната влажност, го зголемува индексот на трансмисијата на Ковид-19 за 0.02%.

Тоа е во склад и со истражувањата спроведени врз животни, кои покажуваат дека зголемувањето на влажноста од 20% на 50% може двојно да ја намали трансмисијата на вирусот на грипот, вели Лаук.

Проблемот со сувиот воздух е тоа што ја исушува мукозната мембрана (бариера) која всушност е нашата примарна одбранбена линија од вирусни инфекции.

Во нормални услови мукозната бариера функционира како мрежа која ги лови вирусите и ги исфрла од нашиот респираторен систем.

Ако подолго време вдишуваме сув воздух, таа бариера се суши и станува нефункционална, па вирусите добиваат пристап до нашите клетки за кои се “закачуваат” и на тој начин нè инфицираат.

Оваа мерка често се заборава кога станува збор за преземање на заштитни мерки во борбата со коронавирусот и главно се истакнуваат избегнување на социјални контакти и често миење на рацете.

Вирусот не е толку смртоносен како некои други вируси, меѓутоа многу брзо се шири и може да доведе до колапс на здравствениот систем, па дури и во развиените земји како што е Италија.

Поради тоа мора да се потрудиме максимално да го успориме неговото ширење за да може на заразените луѓе да им се пружи потребната болничка нега.

Апсолутната влага многу зависи од температурата, па секојпат кога ќе ги отвориме прозорите зимно време губиме по 1-2 литар вода од просечната просторија.

За среќа, тоа лесно може да се поправи со користење на различни овлажнувачи или со испарување на зовриена вода.

Меѓутоа, важно е да се напомене дека е потребно да се испаруваат најмалку 3-4 литри вода дневно за да се достигне влажност на воздухот од околу 50%, напоменува Лаук.

Вирусите се наш вечен непријател, досега сме изгубиле неколку битки, но сè уште победуваме во оваа војна и ќе ја преживееме и оваа епидемија.

Двете главни оружја во нашиот арсенал во “војната против вирусите” се имунолошкиот систем и гликаните.

Повеќето интеракции помеѓу нас и патогените ги вклучува гликаните, а разликата помеѓу гликаните овозможува “вроден колективен имунитет”, односно колективна заштита.

Сепак, за да биде ефикасна таа бариера, мора постојано да се одржува проток на слузта – вели Лаук.

Koliko pišem o ovome već i moji prijatelji misle da sam prolupao. No nisam prolupao, u pravu sam, a nitko odgovoran me…

Публикувахте от Gordan Lauc в Понеделник, 23 март 2020 г.