Секој ден по скалите во зградата ја среќавам мојата сосетка која има 70 години. Без оглед на тоа што штотуку се вратила од пазар, со количка полна со намирници, на жешкиот летен ден – мириса фантастично.
Уредно стилизирана коса, чиста и пеглана облека на неа, кожата и ноктите се чисти и негувани, но што е најважно – таа никогаш не мириса испотено. Еднаш ја замолив за совет, да ми каже каков ритуал има, штом никогаш не мириса на пот.
Имено, таа почитува едно правило цел живот. Еднаш неделно, се капе во бања од топла вода, 50 грама сода бикарбона, 50 грама сол и малку лосион за пена. На вака подготвената бања, лежи 15-тина минути, така што телото има време да се ослободи од „лошите“ бактерии.
За оние кои немаат време да лежат во бањата, можат да користат паста приготвена од сода бикарбона и вода. Оваа маста се нанесува насекаде на кожата и нежно се тpие со прстите, а потоа се плакне со вода и сапун.
Сода бикарбоната го детокcицира телото и го ослободува од лошите мириси. Исто така, за да се избегне силниот мирис на пот, потребно е да се пие голема количина вода (за хидтратација), и да се избегнува зачинета храна.
Потта под пазувите е природен и здрав процес, кој се засилува во летните периоди. Колку и да се чувствуваме непријатно кога ќе се испотиме, на тој начин се исфрлаат токcините од телото.
Потта има своја цел, таа делува како барометар или индикатор на cтрес, покажува колку сме здрави, а понекогаш може да биде и предупредување за одредена болест.
Иако сите понекогаш сме се соочиле со непријатното потење, ретко разбираме што всушност се случува и зошто. Сакале или не, не можеме да живееме без потта, бидејќи потењето го штити организмот од токcини. Кога температурата на телото се зголемува, термостатот во мозокот (хипоталамус) дава сигнал за потните жлезди да се активираат.
Потта се појавува на површината на кожата која се излачува преку порите и таа испарува во контакт со воздухот, а со тоа организмот природно се лади. Кога вежбаме, често се потиме многу, но потењето може да биде предизвикано и во ситуации што нè прават нервозни или лути.
Потта главно нема мирис. Ако вашите нозе мирисаат лошо, тоа може да биде бактерија што е предизвикана од пот. Апокрините жлезди произведуваат течност што е одговорна за непријатните мириси. Тие често се наоѓаат во области како што се фоликулот на косата, пазувите или и нтимната област.
Кај бебињата овој процес сè уште не е доволно развиен, па затоа тие мирисаат секогаш убаво. Се верува дека појавата на силно потење се јавува поради промени во хормоналниот баланс. Овие проблеми можат да се појават пред или после појавата на менопауза.
Одредена храна може да го промени мирисот на пот кон полошо како што е лукот, на пример. Научниците исто така поврзаа одредени мириси на телото со состојби како што се заболувања на бубрезите кои можат да го променат мирисот на пот на полошо.
Исто како топлиот воздух, зачинетата храна може да ја подигне телесната температура и на тој начин да влијае на рецепторите на кожата кои му кажуваат на нер-вниот систем да започне да се лади со производство на пот. Кофеинот, лутите пиперки, никотинот и одредени лекови можат да ги активираат потните жлезди.
Големо количество алкоxол исто така може да го стори истото, бидејќи тоа ќе влијае на забрзаната работа на срцето и на проширувањето на кpвните садови на кожата. Понекогаш постои врска со состојби како што се дијабетес или Паркинсонова болест, кога во повеќето случаи се јавува траума на паротидната жлезда.
Лимонската киселина ќе ги елиминиpа бактериите и ќе го олесни прекумерното потење. Можете да ги тpиете местата каде што многу се потите со половина лимон, или да измешате сок од лимон со сода бикарбона и да направите облоги со истата постапка како со јаболковиот оцет.