Искористете ги остатоците од велигденските јајца и пригответе совршено топло предјадење. Кога ќе заврши Велигден и тридневната празнична прослава, обично ни остануваат повеќе неискористени јајца и не знаеме како да ги „потрошиме“. Со нив може да се приготват различни салати, но не пропуштајте да го направите и ова одлично предјадење со доматен сос. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 тврдо варени јајца, 1 конзерва сечкани домати (пелати), 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 супена лажица маслиново масло, 1 супена лажица доматно пире, сол, црн пипер, босилек, магдонос, оригано. За поголема количина соодветно зголемете ги состојките.

Втора варијанта: 8 варени јајца, 3 домати, 2 големи главици кромид, 1.5 супена лажица чили или благ црвен пипер во прав, малку коријандер, малку цимет (не мора), малку црн пипер и сол по вкус




ПОСТАПКА: Ако јадењето го приготвувате од велигденски јајца, едноставно само излупете ги и измијте ги со ладна вода остатоците од бојата, а доколку сакате специјално да го приготвите ова јадење во некоја друга пригода, тогаш предвидените јајца тврдо сварете ги, па откако ќе отстојат во студена вода, излупете ги и оставете ги во посебен сад до употреба.




Во тиган на умерен оган сипете приближно четири супени лажици маслиново или обично масло. На јајцата направете сосем мали засеци за да не распукаат додека се пржат, па спуштете ги во топлото масло.




Пржете ги со повремено промешување додека малку да заруменат, па посолете ги по вкус. Извадете ги од маслото. Три домати со средна големина и две поголеми главици кромид сомелете ги во блендер, па целата содржина сипете ја во маслото каде претходно се пржеа јајцата.




Додајте црвен пипер во прав или ако сакате јадењето да биде попикантно, употребете чили или друга лута зачинска пипер во прав, бел или црн пипер и зачини по ваш вкус, како магдонос, коријандер, босилек, оригано, цимет и слично.




Мешајте и пржете го сосот на умерена температура додека малку да згусне. Штом забележите дека маслото започнало да избива на површината, значи дека сосот е добро зготвен и сите зачини се апсорбирале во него.




Потоа вратете ги варените јајца (претходно пропржани), мешајте ги внимателно заедно со сосот и оставете да „крчкаат“ уште пет минути, внимавајќи да не ви загори на дното. Вашето топло предјадење е готово и можете да го послужите како такво или наросено одозгора со ситно сечкани зелени перца од млад кромид.

За првата варијанта постапката е иста, со тоа што најпрво се пржи кромидот, па се додава лукчето и доматите од тегла, па кога сосот ќе згусне се додаваат претходно пропжаните варени јајца. Послужете со парчиња леб или фурнаринки. Деталите погледнете ги ОВДЕ.