Рецепт и видео прилог на Том Филос – комбинација од карфиол и печурки, јадење од рерна за чиста десетка!

Потребни состојки: Малку путер за намастување на помал плех или огноотпорен сад, 1 главица карфиол со средна величина, 350-400 г свежи печурки, 200 г кисело млеко, 2 јајца, бешамел сос и рендан кашкавал за одозгора

За бешамел: 50 г путер/маргарин, 50 г брашно, 600 мл ладно млеко, сол, црн пипер по вкус, 200 г рендан кашкавал, 2 жолчки

Постапка: Најпрво направете го бешамел сосот за да има време да излади: растопете 50 г путер во едно тенџере, па додадете 50 г брашно. Пропржете го неколку минути, па постепено додадете 600 мл многу ладно млеко.

Посолете и запиперете по вкус. Мешајте додека да ја добиете посакуваната густина. Имајте на ум дека кога ќе подизлади сосот ќе се згусне. Додадете 200 г рендан кашкавал и мешајте додека да се растопи.

Пред самиот крај исклучете го огнот и продолете да мешате додека малку да подизлади. На страна изматете две жолчки, додадете малку од топлиот бешамел за да ги загреете, промешајте, па вратете ги во тенџерето и мешајте брзо за да се изедначат во сосот.

Може и веднаш да ги ставите во бешамелот, но мора многу брзо да мешате за да не се направат грутчиња. Сосот тргнете го на страна додека го спремате карфилот. Карфиолот убаво измијте го под млаз ладна вода, исцедете го, па отстранете го кочанот. Исечете го на поголеми цветови и парчињата редете ги во намастениот плех.

Врз слој од карфиол рамномерно распоредете на крупно исечени свежи печурки. Посолете по вкус. Во една длабока чинија изматете кисело млеко со јајца и мешавината додадете ја во претходно приготвениот бешамел сос.

Убаво измешаната смеса од бешамел, јајца и кисела павлака рамномерно излејте ја врз карфиолот и печурките. Протресете го плехот за да се пополнат празнините, одозгора изрендајте кашкавал, па ставете да се пече во загреана рерна на 220 степени околу 30-35 минути. Деталите можете да ги погледнете во видеото: