Фото и рецепт: Сузана Бајрам

Му благодариме на Том Филос за прекрасните рецепти што ги споделува со читателите на НМД.мк. Неговиот рецепт за “Гибаница мека како сунѓер” го приготви нашата драга членка Сузана Бајрам, и може да забележиме дека резултатот е перфектен.

“Денес направив гибаница според рецептот на нашиот пријател Том Филос, прекрасна е, навистина мека како памук. Убав ден на сите, thank you Tom!” – вели Сузана Бајрам.

Потребни состојки:

700 г готови кори
малку масло за премачкување на корите
500 г ситно сирење

за прелив:

5 јајца
малку сол по вкус
500 мл газирана вода
малку масло
околу 100 г путер исечен на коцки – врз питата

Постапка:

На работна површина врз памучна крпа ставете една кора и премачкајте ја со малку масло. Поклопете ја со втора кора и одозгора рамномерно наросете дробено сирење. Кората свиткајте ја во ролат, а потоа исечете ја 6 парчиња. Скалесто наредете ги во тркалезна тепсија, претходно малку намастена.

Повторете ја постапката со сите останати кори: виткате по две кори од кои долната кора ја намастувате, а горната ја филувате со сирење. Кога ќе ја исполните тепсија одозгора прелијте ја со преливот од јајца и наредете мали парчиња путер, вкуспно околу 100 г.

За прелив: изматете пет јајца со 500 мл газирана вода и малку масло (1-2 лажици) и посолете по вкус.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: