Home посни колачи Многу вкусен ПОСЕН КОЛАЧ СО ЧОКОЛАДО…Веднаш замешав уште една доза, зашто колачот...

Многу вкусен ПОСЕН КОЛАЧ СО ЧОКОЛАДО…Веднаш замешав уште една доза, зашто колачот уште жежок го изедовме…

<

Многу вкусен ПОСЕН КОЛАЧ СО ЧОКОЛАДО…Веднаш замешав уште една доза, зашто колачот уште жежок го изедовме…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г брашно
400 мл сок од портокал/фанта/јупи…
300 г шеќер или по вкус
250 мл масло
ситно рендана кора од портокал
1 лажичка сода бикарбона
2 лажички прашок за печиво
2 кесички ванилин шеќер
100 г чоколадни трошки

За глазура:
360 мл вода
50 г какао во прав
130 г шеќер
30 г скроб/нишесте/густин
10 мл масло
1 кесичка ванилин шеќер
плех 25х30 см

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад помешајте го сокот, маслото, ренданата кора и сода бикарбоната. мешајте 1 минута.

2.Потоа додајте го шеќерот, ванилата, прашокот за печиво и просеаното брашно, па добро изматете со жица за да нема грутчиња. На крај додајте ги чоколадните трошки/капки и уште еднаш промешајте.

3.Смесата излејте ја во намастен калап, израмнете и ставете да се пече 50-60 минути во претходно загреана рерна на 180 степени.

4.За глазура: во тенџере сипете вода, какао, шеќер и скроб, па мешајте и загревајте на умерен оган додека да се згусне. Пред крај додајте малку масло и ванила и изедначете. Сипете ја врз испечениот и подизладен колач.

5.Израмнете ја површината. Оладете го колачот барем еден час во фрижидер пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.