МНОГУ ГО САКАМ ОВОЈ АНГЛИСКИ КОЛАЧ! Дали се сеќавате на него? Еден од најдобрите!Колачот е многу популарен како денс, така и во минатото…Познат е под различни имиња, а она по што се карактеризира е неговиот уникатен и незаменлив вкус! Овој рецепт ни го испрати Натка Ковачка, еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За бисквит:
5 жолчки
200 г шеќер
250 мл ладно млеко
125 мл масло
250 г брашно
2 супени лажици мелено ореви (или 2 лажички какао)
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер
Се пече на 200 степени
За шам:
5 белки
15 супени лажици шеќер
Се мати доволно долго со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст снег кој не паѓа од садот кога ќе го превртите.
И уште:
мармалад за премачкување на колачот
сечкани ореви за посипување одозгора
ПОСТАПКА:
За бисквит: жолчките се матат пенасто заедно со шеќерот и ванилата додека сиот да се растопи, а смесата да осветли, згусне и добие кремаста конзистенција. Додека непрекинато матите со миксерот додајте го маслото во тенок млаз.
Потоа додајте го млекото, па на крај просеаното брашно промешано со прашок за печиво. Кога смесата ќе се изедначи и ќе стане хомогена, додајте ги мелените ореви (или какаото, по избор).
Смесата излејте ја во намастен и набрашнет (или обложен со хартија) со средна големина и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 15-20-тина минути.
Потоа извадете го колачот, премачкјате го со мармалад, па распоредете го шамот од белки, одозгора посипете сечкани ореви и вратете да се допече уште 5 минути. Рецепт и фотографија на Натка Ковачка. Прочитајте го следниот рецепт за ДАМЕН КАПРИЦ – ОВДЕ.