Овој освежителен колач со вишни и бел фил е уште подобар од познатата шварвалд торта. Не се пече. Многумина мислат дека познатата торта го добила своето име поради Шварцвалд планината, но всушност именувана е според познатата вишновка од истоимената област.




Наместо да се печат кори, се редат бисквити кои претходно кратко се натопуваат во ликерот, па затоа добиваат посебна арома. Шварцвалд тортата за првпат била направена во 1915 година, во Бон, и е дело на вештите раце на слаткарот по име Јозеф Келер.




Во некои записи, како земја на потекло се споменува Швајцарија, но сè укажува на тоа дека првоспоменатата теорија е најточна. Многу е интересно што постои дури и пропис, според кој се предвидува автентичната Шварцвалд торта да има вистинска павлака и веќе споменатиот ликер од вишни.




Само како таква, таа се смета за национална гордост на Германија. Сега направете поевтина и побрза варијанта. Наместо да печете кори, користете бисквити, филот треба да биде од кисела павлака и шеќер во прав, и секако, наредете ги вишните.




Тој е подеднакво вкусен како и оригиналот, само што е многу полесен за правење, а доколку сакате да биде уште повеќе сличен на оној вистинскиот, тогаш потопете го бисквитот во вишновка.




Потребни состојки: 250 г бисквити, 250 г смрзнати вишни. За фил: 600 мл кисела павлака, 1 лажичка екстракт од ванила, 125 г шеќер во прав, 100 г чоколадо

Постапка: наредете ги бисквитите во плех (12 бисквити во еден ред, 3х4) или некој соодветен калап со средна големина, така да се пополни дното. Потоа изматете ја павлаката заедно со шеќерот во прав и екстрактот од ванила.




Матете кратко со миксерот додека да се изедначат состојките. Прелијте ги бисквитите со еден слој фил, па наредете ги вишните, па уште еден ред бисквити, фил и вишни и на крај уште еден ред бисквити.




Потоа, уште еден ред фил, па потоа изрендајте го чоколадото. Оставете го колачот да се лади во фрижидер на најмалку 2 часа. Ако сакате да го збогатите филот, можете киселата павлака да ја помешате со претходно изматено маскарпоне.




Количината останува иста, што значи ќе ви биде потребно приближно околу 300 г кисела павлака и 300 г маскарпоне (или друг вид крем сирење). Постапката е иста, односно редењето е следно: кекси, фил, вишни, кекси, фил, вишни, кекси, фил, рендано чоколадо.




Тортата добро изладете ја во фрижидер, а потоа сечете ја и послужете ја. На секое парче одозгора можете да ставите и по едно парче вишна, но декорацијата секој сам може да си ја осмисли. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ.