Многу едноставен колач: Се меша и се пече, па се премачкува со чоколадо, мерки на чаша

Веднаш ќе го засакате овој колач и често ќе правите поради неговата едноставност, се мери со чаши и не може да погрешите. Не мора да чекате колачот да излади со часови во фрижидер, туку може да го послужите и само после еден час ладење. Не е премногу сладок и одличен е за сите љубители на плазма вкусот.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 1 чаша шеќер, 1 чаша брашно, 2,5 чаши мелени плазма бисквити, ½ кесичка прашок за печиво, 2 чаши млеко, 1 чаша масло, 1 супена лажица какао, плех 20х30 см. Како мерка се користи чаша од 180-200 мл.




ЗА ГЛАЗУРА: 150 мл слатка павлака, 100 г чоколадо или премачкајте само со Нутела или некој друг крем и наросете обилно со мелена плазма. Колачот се пече 40 минути на 180 степени во претходно загреана рерна.




ПОСТАПКА: Најпрво одвојте ги белките од жолчките, а потоа цврсто изматете ги со постепено додавање на шеќерот додека да добиете цврст и сјаен снег. Потоа во изматениот снег од белки додајте ги жолчките, па уште малку изматете со миксерот. Додајте го маслото, млекото и промешајте.




На страна промешајте ги сувите состојки: во брашното додајте го прашокот за печиво, а потоа просејте го. Додајте и какао, па уште малку изматете, а на крај додајте ја мелената плазма. Изедначете.




Смесата е малку поретка од вообичаено, но така треба да биде, после печењето се добива многу сочен колач. Обложете го плехот 20х30 см со хартија за печење, па во него излејте ја смесата, протресете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 40 минути.




Додека се пече бисквитот, направете ја глазурата: во помал сад искршете го чоколадото и додајте слатка павлака, па на многу тивок оган растопете додека да се соединат (внимавајте да не ви зоврие).




Печениот биксвит извлечете го од хартијата, а потоа вратете хо во плехот каде се печеше и прелијте го со глазурата. Одозгора наросете го обилно со мелена плазма. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото ОВДЕ. Во продолжение прочитајте уште еден рецепт за бисквитен колач со еурокрем:




Многу едноставен колач со мелени бисквити кој се премачкува со еурокрем. Фото и рецепт: Данијела Цоко. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 2 шолји шеќер, 2 шолји млеко, 1 шолја масло, 2 шолји мелени бисквити (плазма), 2 шолји брашно, 1 прашок за печиво.




За премачкување: еурокрем или нутела. За наросување: мелени бисквити или ореви/лешници. За мерење се користи шолја од 200 мл. ПОСТАПКА: Изматете две јајца со две шолји шеќер. Потоа додајте две шолји млеко и една шолја масло, па изматете уште еднаш.




Потоа додајте две шолји мелени бисквити, две шолји брашно и еден прашок за печиво. Смесата излејте ја во намастен и набрашнет плех со средна величина и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени. Проверете со чепкалка кога е готово.

Печениот колач уште додека е врел премачкајте го со еурокрем и наросете го со мелени бисквити. Јас ставив и сечкани 2 киндер чоколатца. / Фото и рецепт: Данијела Цоко

Фото и рецепт: Данијела Цоко
Претходна статијаНајбараната торта со ореви, карамел и чоколадо и 2 кремасти филови, многу вкусна
Следна статијаПРОТЕИНСКИ КОЛАЧИЊА: Се јадат без грижа додека сте на диета, од нив се слабее