За овој брз, вкусен и едноставен колач ви е потребно само неколку состојки и 10 минути време. Толку е едноставен што го подготвуваат и мали девојчиња. Вкусот е недололив, му нема замена, се подготвува без јајца и без печење за само 10 минути. После овој рецепт нема да правите ниеден друг. Одличен е за родендени, прослави, ненадејни гости..




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 21 пишкоти, 200 мл ладно кафе или какао, 250 г маскарпоне, 200 г смеса за шлаг (30%), 60 г шеќер во прав, какао за декорација. Останати потребни состојки: масло, проѕирна фолија и калап за леб/правоаголен калап.




ПОСТАПКА: во подлабок сад се става смесата за шлаг и се мати со миксер додека добие убава пенаста форма. Постепено додавајте го шеќерот со постојано матење со миксерот. Откога ќе се соединат шеќерот и шлагот, престанете со матење.




Потоа додајте го маскарпонето и повторно изматете со миксерот. Во правоаголен калап (за леб) ставете малку масло и намастете го калапот со кујнска четка на дното и по страните. Потоа со салфетка пребришете го калапот доколку има премногу масло.




Во калапот ставете проѕирна фолија и убаво вдлабнете ја низ целата површина на калапот, краевите и на страните. Во меѓувреме сварете какао или кафе и оставете да се излади настрана. Земајте по една пишкота, натопете ја во кафето и започнете да ги редите пишкотите вертикално во калапот.




За оваа постапка ќе ви требаат 21 пишкоти. Јачината и видот на кафето го одредувате вие, а може да користите и какао. Во првиот ред се редат 7 пишкоти, по три во ред и една хоризонтална на средина, потоа се премачкува со дел од шлагестата смеса и убаво се распоредува. Се повторува постапката со редење на пишкоти и во вториот ред.




И повторно се премачкува со другата половина од шлагот. Сочувајте малку од смесата, отприлика една до две супени лажички. Во првиот и вториот ред се искористува по половина и се сочувува малку настрана. Потоа се реди и третиот ред од пишкоти по истиот редослед.




Колачот се завиткува во проѕирната фолија одозгора и се остава да отстои во фрижидер 10 минути. По изминатото време, се одвиткува од фолијата и се префрла со другата страна во друг правоаголен сад. Потоа извадете го калапот и фолијата. Одозгора се премачкува со преостанатиот дел од смесата со шлаг.




На крајот се наросува со какао по желба на површината на колачот. По желба се става уште малку да отстои во фрижидер доколку имате време, за уште малку да се стврдне колачот и да се олади.




Но, доколку немате време, може и веднаш да го пресечете и да го послужите. Одлично одговара со кафе. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.