Мини крофнички, многу добар рецепт…Запишете си го и испробајте го…Излегуваат исти како купечките…Се печат во специјално апаратче за крофнички. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца
100 г шеќер
2 кесички ванилин шеќер
200 г брашно
1/2 кесичка прашок за печиво
50 мл масло
50 мл јогурт
1 прстофат сол
малку суво грозје/брусница или нешто по ваш избор

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата додека да згуснат како крем. Додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво, масло и јогурт. Промешајте со лажица или шпатула.

Полнете ги калапчињата од апартот за крофни и одозгора сипете неколку зрна суво грозје. Поклопете го апаратот и печете 5-6 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

Рецепт за крoфнички со калап-апаратче

Крофнички од рерна за 10 минути, полнети со крем…Mекички и без многу масло!