МИНИ ЕКЛЕРИ – УБЕДЛИВО НАЈДОБРИОТ РЕЦЕПТ! Секогаш успеваат со овој метод, вкусни лапни-голтни, полни со крем…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):
За тесто:
125 г путер или маргарин
1 чаша вода
1 чаша брашно
сол на врвот на лажичка
3 јајца
За крем:
3 чаши млеко
2 лажици брашно
1 лажица скроб
малку повеќе од половина чаша шеќер или по вкус
1 лажица путер
1 кесичка ванилин шеќер
1 жолчка од јајце
За чоколаден прелив:
2 чаши млеко
1 чаша вода
2 лажици брашно
3 супени лажици какао
1 прст помалку шеќер од 1 чаша или по вкус
50 до 80 г темно чоколадо
1 лажица путер
ПОСТАПКА:
1.Земете соодветно тенџере, растопете го путерот на умерена температура, па додајте вода. Кога ќе ја додадете сол и ќе почне да врие, веднаш додајте го брашното и енергично промешајте.
2.Тестото гответе го на тивок оган со постојано мешање. Треба да згусне и да се формира во топка, а на дното да остава многу тенок филм.
3.По 5 минути тргнете го од шпоретот и оставете го да се излади. Откако ќе се излади, едно по едно кршете ги јајцата и изматете ги со миксер додека целосно да се инкорпорираат во тестото.
4.Тоа треба да биде хомогено и доста меко. Со помош на 2 лажици потопени во вода, црпете од тестото и обликувајте топчиња, па спуштајте ги во плех обложен со хартија за печење. можете дополнително со навлажети прсти да ги дообликувате.
5.Ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени додека да набабрат и да поруменат.
Не ја отворајте рерната додека се печат колачите за да не спласнат. И не ги вадете веднаш од топлата рерна, оставете ги 10-тина минути со отворена вратничка постепено да се подизладат.
6.За чоколаден прелив во соодветно тенџере ставете млеко, вода, гранулиран шеќер, брашно и какао и измешајте. Гответе на средна топлина со постојано мешање.
Кога ќе почне да врие, намалете ја топлината на минимум и додајте путер и чоколадо и измешајте да се растопат. Тргнете го чоколадниот прелив од шпоретот, измешајте го и оставете го да се олади.
7.За да го направите кремот, во тенџере ставете млеко, брашно, скроб, шеќер и жолчка и измешајте.
Гответе на средна температура со постојано мешање и кога ќе почне да згуснува намалете ја топлината. Во оваа фаза се додаваат и се мешаат ванилин и путер. Се трга настрана да се излади.
8.Оладените колачи малку засекувајте ги отстрана за да ги отворите, наполнете ги со крем и редете ги во десертна чинија. Одозгора залијте ги со чоколадниот прелив. Спремни се за послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.