Г убењето тежина после 40-тата за некои жени може да наликува на невозможна мисија, а според нутриционистите, навистина е потребен голем труд и издржливост за да се постигнат посакуваните резултати.




Кога ќе наполните 30 години, со секоја наредна година вашиот метаболизам започнува да се успорува, нивото на хормоните постојано се менува и многу лесно може да излезе од балансот. Мускулната маса постепено започнува да се заменува со масно ткиво.




Дури и на оваа прекрасна возраст од 30-тата до 40-тата треба многу да се внимава на исхраната, бидејќи кога ќе наполните 40, понатаму вашата патека ќе биде со повеќе „пречки“ и сосема е можно да добиете до 10% од вашата нормална тежина, што е сигурно од 5 до 8 кг.




Гy-бењето тежина после 40-тата година од животот е многу потешко отколку на возраст од 25-30 години. Оние д иети со кои сте успевале да намалувате по 2-5 к илограми, сега во овој период би можеле да бидат дури и ш тетни за здравјето.




Некои жени треба да заборават дури и на здравата диета од хељда и кисело млеко, бидејќи за оваа возраст постојат некои препорачани насоки за исхрана кои ќе ви помогнат да ослабете. Подолу можете да го прочитате методот кој е погоден за жени над 40 години.




Сигурно се прашувате, што треба да јадете на возраст над 40 години? Составете мени и вашата исхрана запишете ја во тетратка, внимавајќи на разновидноста на намирниците. Избегнувајте чести повторувања.




Пребројувајте ги калориите што треба да ги јадете, а треба да бидат најмалку 1500 кcal дневно, во зависност од вашата тежина и висина. Наведете ги омилените производи со висока содржина на прости јаглехидрати (шеќер, бонбони, колачи, бел ориз, овошен сок). Овие производи треба да ги исфрлите од менито и да ги избегнувате, освен во ретки случаи.




Потоа наведете ги оние производи кои содржат многу масти и обидете се да ги замените со обезмастени производи, или барем онакви кои не содржат многу масти. Користете нискокалорични сосови наместо мајонез. Во продолжение прочитајте го дневното мени составено од нутриционисти:




ПОЈАДОК: Една порција обезмастена урда со ‘ржан леб. ПРВА УЖИНА: каша од ориз или хељда, за ужина овошна салата без засладувачи. РУЧЕК: варено месо или риба, салата од свеж зеленчук (порција доста зелена зелата, зелка или сезонски зеленчук). ВЕЧЕРА: 2 варени јајца.




Драги жени, не заборавајте го позитивниот став. Ова е единствениот начин да најдете сила во себе и да го постигнете она што го сакате – добро здравје и хармонија. Шетајте повеќе во природа на чист воздух, пијте доста вода и бидете физички активни.