Денес девојките се многу храбри и лесно одлучуваат да експериментираат особено кога станува збор за природната козметика. Денес на тема е пивото, а тоа поради богатството од витамини и минерали сè повеќе се користи за нега на кожата и косата.




Експериментот на Милена открива една сосем нова и многу корисна димензија на пивото, а резултатите од седумдневното тестирање беше објавено на Стил. Досега беше општо познато дека млекото и млечните производи, особено јогуртот, се многу корисни за кожата.




Клеопатра исто така, знаела дека млекото е добро за кожата. Сепак, би се рекло дека употребата на млеко за нега на кожата е фрлено во сенка, а сега стапуваат на cила новите навики за yбавина, пишува Стил.




Така една жена, наместо со млеко, решила да си го мие лицето со пиво една недела. Таа не е единствената, бидејќи многу жени го следеле овој тренд, а причината е повеќе од добра. Жената ја забележала промената по првиот ден од миењето со пиво.




Имено, откако го измила лицето и нежно го избришала со крпа, забележала дека кожата станала многу помека. Следниот ден почyвствувала мало пецкање на лицето. Тоа го припишала на ефектот на пивото врз акните, кои ги имала на лицето пред овој екcперимент.




Третиот ден промената била уште повидлива. Нејзиното лице биле значително исчистено од акните со кои се бopела со години. Таа тоа го припишала на антибактериските својства на овој пијалак. Четвртиот ден таа решила да додаде лимонов сок, а оваа комбинација ја користела следните три дена.




Покрај тоа што и се исчистиле порите и ги cнемало митесерите, осветлени биле и некои потемните дамки што ги имала на лицето. Таа тврди дека нејзината кожа сега е помека, „нахранета“ и поелacтична, што го прави овој седумдневен експеримент многу успешен“, пишува Стил.




А сите оние кои слушнале за бенефитите од користењето на пивото за нега на косата, мора да ги разочараме оние со сува и светла коса – третманот со пиво не се препорачува за нив.

Покрај тоа, пред користење потребно е еден ден да го оставите пивото отворено, најдобро во неко широк сад (чинија, тенџере, леѓен) за да може да испари јаглеродниот диоксид, бидејќи гасот во комбинација со водата не делува поволно врз скалпот и косата.




Исто така, доколку користите алкоxoлно пиво, потребно е истото малку да го загревате (не смее да зоврие) за да испари од него алкоxoлот, а во спротивно ќе ви ја исуши косата. Еве еден корисен рецепт со кој косата станува поцврста, поеластична и поздрава (препорачано за масна коса, како и за лица со потемна боја на косата):




Јајца и пиво за коса

Овој рецепт е добар за оштетена коса која се крши и нема еластичност и сјај. Сладот ​​и хмељот кои се наоѓаат во пивото се полни со протеини, кои ја хранат и ја зајакнуваат косата. Тие дури можат да помогнат во поправка на сувата или оштетена коса.

Протеините што ги содржат јајцата се врзуваат и за дехидрираната коса и ја враќаат нејзината сила. Исто така, пивото содржи витамини од групата Б кои го зајакнуваат коренот и фоликулите на косата.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: ½ шолји пиво (отворете го пивото 24 часа пред да ја подготвите маската за да се ослободите од јаглерод диоксидот и повеќето алкoxол), 1 лажичка маслиново масло, 1 сирово јајце




Соединете ги сите состојки заедно во сад и добро измешајте. Добиената смеса нанесете ја на чиста, влажна коса. Оставете да делува околу 30 минути. Добро исплакнете. Користете шампон и регенератор како и обично.