Секој има животна приказна која се разликува од другите, но сепак, постои нешта кои се заеднички речиси за сите. Постои една изрека, која за многумина можеби е излитена, но реална е, и вистинита: „Сè додека не се откажеш од животот, животот нема да се откаже од тебе.“




Денес наполнив 40 години. Што да кажам, половина од патот веќе сум го изодела? Животот не ми излезе онака како што си го замислував додека бев дете…како што се надевав. Некои други работи пак, како што е родителството на пример, излегоа и подобри отколку што воопшто сум можела да ги замислам, додека од друга страна, здравјето ме издаде, но не без причина.




Сè што ни се случува во животот, се случува со причина. Можеби некој нема да се сложи со мене…можеби некој научил други лекции, а животот го поминал различно од мене. Но, ова се моите видувања. Еве што јас научив на долгиот пат кој траеше полни четириесет години:




40.Единствената личност која треба да ја слушаш си -ти, единствено ти. Секојпат кога ќе послушаш некој друг, а не ги послушаш своите инстинкти – ќе згрешиш. И да згрешиш, многу повеќе ќе научиш, отколку ако згрешиш по туѓа вина.




39.Престани да глумиш и биди си ти – ти! Луѓето и онака нема да те сакаат. Оние кои не те заслужуваат и околу кои многу се трудиш. Секогаш ќе има такви кои нема да те сакаат и тоа е ОК. Има и многу луѓе кои те обожаваат – фокусирај се на нив!




38.Кога ќе остариш не значи дека ќе станеш помудра. Некои луѓе со години ги прават истите грешки. Биди паметна, учи навремено на сопствените грешки и обиди се да не ги повторуваш. Тоа е бесцелно трошење време. 37.Ти најдобро знаеш сè за себе, затоа не барај совет од другите. Своите проблеми решавај си ги сама!




36.Слушај го своето срце што ти вели, а мозокот полека ќе дојде до остварување на посакуваните желби. Чекор по чекор. 35. Не го знаеш секогаш она што не го знаеш. Некогаш случајно по пат можеш да дојдеш до некои изгубени делови од своето знаење. Затоа, само терај напред и ќе научиш сè што ти треба. 34. Грешките се неминовни. Тоа е животот. Не постои никој на оваа планета кој не згрешил.




33. Никогаш не слушај кога ти велат дека нешто не е возможно. 32.Сè е можно ако ти одлучиш да успееш. Никој не знае што го чека во иднина. 31. Ако некој ти каже дека може да ги предвиди идните случувања (на љyбовно поле, живот, финансии..), знај дека те манипyлиpа. 30.Верувај им на своите соништа, па дури кога другите мислат дека си лyда.




29.Престани да се cтpеcиpаш, ќе ти треба твоето здравје, а cтpеcот го yништyва. 28.Спиј најмалку по 7 часа навечер за да можеш нормално да функционираш. 27.Води сметка за сопственото тело. Тоа е храм на твојата душа. 26.Kажи го она што го мислиш. Секогаш одржи го ветувањето, без разлика колку тоа ќе те чини.




25. Самодовербата се гради само ако се „фpлите“ во животот. 24.Искушенијата се моментални, а последиците траат цел живот. А цел живот е долг период! 23.Плановите често не излегуваат онака како што сте планирале. Затоа, секогаш имајте и план „Б“. 22.Секогаш следи го својот план, меѓутоа, како поминува времето, соодветно коригирај го. Проширувај ги видиците.




21.Работи паметно, а не вредно. 20.Вистината е секогаш најдобра, без разлика колку е грда. Подобро е знаете, отколку некому „cлепо“ да му верувате. 19.Сакај се себеси. Само ако се цените себеси, и другите ќе ве ценат. 18.Бидете љубезна – СЕКОГАШ! 17.Секоја љyбовна врска нема да трае цел живот и тоа е сосем ОК.

16.Твојата работа не е на другите да им држиш лекции. Доволно е даваш добар пример со сопствениот начин на живеење. 15.Ако си родител, секогаш води сметка за себеси, бидејќи децата прават она што го гледаат кај тебе. 14.Промената бара посветеност, дисциплина и повторување.

13.Фокусирајте се на сегашноста. 12.Што и да правиш сега, во мислите нека ти биде твојата иднина. 11.Остави го твоето минато да замине во заборав. 10.Не можеш да го промениш човекот, затоа, или прифати го или продолжи без него. 9.Секогаш сослушувај го туѓото мислење, кое може да биде точно или неточно. Кога ќе престанеш да слушаш, ќе престанеш да учиш.

8.Сè преиспитувај. Тоа е единствениот начин за да ги правиш работите како што треба. 7.Твоите уверувања ја дефинираат твојата личност, затоа внимателно одбирај. 6.Ќе има многу ycпони и па дови во твојот живот. Научи како правилно да ги совладуваш.

5.Твојот ум е моќен.Инвестирај во него, учи секој ден! 4.Никој со сигурност не знае што се случува со нас кога ќе yмpeмe. 3.Однесувај се кон другите онака како што сакаш и тие да се однесуваат кон тебе. 2. Сама одлучуваш дали ќе бидеш среќна. 1.Сè додека не се откажеш од животот, ни животот нема да се откаже од тебе.