И покрај тоа што технологијата се обидува да нè одвои од природата, луѓето сè уште се дел од неа и ги чувствуваат временските промени како и останатите живи суштества.

Според експертите, на наглите температурни разлики најмногу реагираат хронично болните и метереопатите. Тие реагираат со различен степен на сензитивност на временските промени како што се воздушниот притисок, температурните разлики и влажноста на воздухот.




Овие промени влијаат на човечкиот организам и можат да ги влошат симптомите на веќе постоечките болести, а особено да го зголемуват интензитетот на б олката. Манифестациите се различни: paз-дразливост, аг-ресивност, деп-ресија, апа-тија, замор, недостаток на концентрација, проблеми со спиењето, главоболки и мигрени, проблеми со срцето и кр-вниот притисок, га-дење, вртоглавица, превматски б олки.




Кај ревматичарите особено се засилуваат б олките во зглобовите со доаѓањето на ладно и влажно време, додека студениот и сув воздух им пречи на они што стра-даат од астма. Кога времето прави да се чувствуваме л ошо тогаш не е ни чудно што нашиот перформанс и однесувањето се менуваат. Забележано е дека децата се значително поне-мирни и расеани пред голема промена на времето.




Слично е и со возрасните, облачното време како и топлите и влажни денови се причина за недостиг на концентрација, за разлика од сончевите денови со оптимална температура и висок притисок кога човечкиот организам најдобро функционира.




Модерниот начин на живот којшто подразбира користење на климатизери, навлажнувачи на воздух и разни уреди за греење се причина човечкиот организам да не умее да се справи со температурниот ш ок како што треба, што е пак причина за ст-рес.




Најдобар совет од стручните лица е да се зацврстат сетилата со тоа што ќе бидат изложени на временските прилики. Тоа подразбира поминување повеќе време надвор без разлика дали врне, дува или е многу топло. Некои доктори дури советуваат користење на посилни cтимy-ланси како одење во сауна и туширање со ладна и топла вода.




Според метео прогнозерот, ова е тридневната временска прогноза за Македонија, 11 – 13 ноември 2021 година:

Четврток 11.11.2021: Претежно облачно и свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец. Температурите ќе бидат значително пониски за разлика од изминатите денови и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 6 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени.




Петок 12.11.2021: Сончево со умерена локална облачност. Ќе биде и претежно тивко, додека во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и на ниска облачност.

Температурите нема многу да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.




Сабота 13.11.2021: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и од југоисточен правец. Температурите и понатаму нема да се менуваат и минималните ќе се спуштаат во интервалот од -1 до 7 степени, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 17 степени.