Појавата на бели влакна во косата е сосем нормална појава. Некои луѓе побелуваат уште додека се млади, бидејќи најголема улога за оваа појава игра генетиката.

Доколку и вие сте едни од нив и сакате да ги прикриете, пред да земете хемиски препарати и фарби, пробајте го овој рецепт, кој кај многумина помогнал.

Потребни состојки:

50 мл кокосово масло

3 лажици свеж лимонов сок

Постапка:

Исцедете го лимонот па добро промешајте го сокот со кокосовото масло за да се соединат.

Добиената смеса нанесете ја на темето, па оставете така да отстои еден час.

Потоа исплакнете ја косата со шампонот што си го користите.

На овој начин се намалува видливоста на белите влакна. Состојките се многу здрави и еве како тие дејствуваат:

Кокосовото масло има антибактериско, антигабично и антиканцерогено дејство.

Покрај тоа, одлично е за козметички цели. Се применува за кожа, коса, заби.

Лимонот е богат со витамин Ц и делува како антиоксиданс.