Здраво, јас сум Наташа Пархоменко и ќе ви го откријам рецептот за омиленото мезе во нашето семејство, а тоа е „месниот рулет“ или како што некои го нарекуваат „мраморно месо“. Задолжително го приготвуваме за какви било свечени настани, но и вообичаено како ладно предјадење, ручек или вечера.




Има чудесен вкус и многу е декоративно, па затоа запишете си го рецептот и не пропуштајте да го приготвите. Пилешкиот ролат излегува неверојатно убав, сочен и многу вкусен. Детално ќе ви објаснам како да го приготвите. Срдечен поздрав од Русија.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг пилешки филети, 35 г желатин, 4 чешниња лук, 50 мл ладна, обична вода, 1 мала лажичка сол, половина лажичка црн пипер во прав, 1 супена лажица слатка зачинска пиперка во прав, 1 лажичка италијански зачин (мешавина од суви зачински билки), 1 мала лажичка коријандер во прав, малку рендано морско оревче




ПОСТАПКА: Измијте го пилешкото бело месо под млаз ладна вода, а потоа избришете го со кујнска хартиена салветка. Врз даска за сечеење исечете го на тенки ленти со дебелина од 6-8 мм, а потоа на мали коцки со големина на залак.




Исечканото месо ставете го во еден подлабок сад во кој ќе можете лесно да го промешате. Додајте ги сите наведени состојки: 50 мл ладна вода, 1 мала лажичка сол, половина лажичка црн пипер во прав, 1 супена лажица слатка зачинска пиперка во прав, 1 лажичка италијански зачин, 1 мала лажичка коријандер во прав, малку рендано морско оревче, 35 г желатин во гранули.




На крај во месото истиснете четири чешниња лук кои по желба можете ситно да ги исечкате или да ги изрендате. Потоа месото добро промешајте го за да се распоредат зачините подеднакво, а ова најдобро се прави со раце.




Откако месото ќе го промешате, со помош на лажица наполнете го во специјална кеса за готвење чиј еден крај добро сте го затвориле. Овие кеси можете да ги набавите во речиси секој поголем супермаркет.




Добро притиснете го месото за да се пополнат сите празнини, а потоа формирајте една дебела салама и врзете го добро за другиот крај. Вака подготвеното месо оставете го да отстои во фрижидер половина час за да се стегне.




Потоа ставете го во плех и печете во загреана рерна на 180 степени околу еден час. Бидејќи во текот на печењето кесата не треба да се дупнува како што е случај со другите рецепти, можно е дел од сокот од истече во плехот.




Кога ќе се испече, оставете го малку да подизлади за да не се из-горите кога ќе го отворате. Врз работната површина отворете проѕирна-стреч фолија, па поставете го месото заедно со кесата во која се печење. На едно место малку поткинете ја кесата за да можете внатре да го истурите сокот кој се испуштил во плехот.




Добро завиткајте го со фолијата во неколку слоеви, па оставете го врижидер на ладење најмалку шест часа или најдобро преку цела ноќ. Следниот ден отстранете ја фолијата и кесата, па врз даска исечете го на тенки парчиња и послужете го. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.