При тегоби со црниот дроб, можно е да имате мачнини од блага храна или пак да не го чувствувате мирисот од печените јадења. Ротквицата (Raphanus sativus) во тој случај, во мали количини може да биде корисна а во поголеми да биде штетна.
Дневно смеете да испиете најмногу една лажица сок од ротквица.
Против болести на црниот дроб многу помага сок од морков. Или пак, едноставно салата од рендан морков. Во такви случаи, најдобро би било да се држи диета со морков во траење од 1-2 дена. Дејството на морковот може да се засили со салата од цикорија (Cychorium intybus), глуварче (Taraxacum officinale), или некоја друга горчлива билка.
Не се дозволени масни јадења, јадења печени или пржени во масло, слатки, колачи и други благи јадења, па дури и овошје и овошни сокови.
Набргу ќе се смири црниот дроб и евентуалното повраќање.
ПОЈАДОК:
1 чаша сок од морков
1 парче двопек (или малку потпечено лепче), намачкано со малку путер, а врз него посипано една рака пченични никулци.
РУЧЕК:
Зеленчукова супа, ориз или компир готвен со лушпа, сирова салата од цикорија (Cychorium intybus), рендан морков или некоја друга сезонска салата.
Предлог 1.ден: Варен ориз, копар, разновидна салата
Предлог 2.ден: Варен излупен компир, мало парче несолено сирење, малку путер и разновидна салата.
Предлог 3.ден: Зеленчукова супа, сендвич од интегрален леб или двопек(со малку путер, парчиња домат, лукче, кругови кромид, пасиран зеленчук), и разновидна салата.
УЖИНА
Кафе од жито, без шеќер.
ВЕЧЕРА:
Овесна каша (јачмен или ориз), динстан зеленчук, разновидна салата зачинета со лимонов сок или кисело млеко, никако со оцет.
Овошјето треба да се одбегнува.