Рецепт и видео презентација на “Направи Сама – Идеи за креативци” – Мелено месо и компир во павлака, одличен и брз ручек за целото семејство. Кога ве фатила мрза или немате време да приготвувате ручек со часови, тогаш овој рецепт е спас за вас.

Потребни ви се само 5 минути да го приготвите јадењето од само неколку состојки. Цела куќа ќе ви замириса прекрасно, а јадењето ќе се изеде во најбрз можен рок. Прва можност испробајте го овој рецепт и уживајте во неговиот вкус заедно со целото ваше семејство.

За да го приготвите овој превкусен ручек, ќе ви бидат потребни следните состојки: 2 големи компири, 1 полна мала лажичка црвена алева зачинска пипер во прав, сол и црн пипер по вкус, малку сув дробен босилек по вкус, по желба лут зачин, малку маслиново масло.

Потоа, потребно ви е и околу 350 г мелено месо по ваш вкус, една главица кромид, 5 полни супени лажици кисела павлака и малку рендан кашкавал за врз јадењето. Постапка: Компирите убаво измијте ги, излупете ги па исечете ги на тркалца со дебелина од приближно половина центиметар, исто како за мусака.

Ставете ги во подлабок сад и зачинете ги со сол и црн пипер. Одозгора полејте ги со малку маслиново масло, додадете црвена зачинска пиперка во прав, малку босилек и лут зачин доколку сакате да биде пикантно јадењето. Убаво промешајте ги компирите со раце за да се натопат компирите во зачините преку целата нивна површина.

Кромидот исчистете го и исечкајте го на ленти. Во посебен сад ставете го меленото месо и зачинете го со сол и црн пипер по вкус. Додадете четири-пет големи лажици кисела павлака и добро промешајте додека состојките да се соединат во еднолична смеса.

Иако можеби ви делува необично, ќе се уверите колку е вкусно. Земете еден помал огноотпорен сад и намастете го со маслиново масло или путер по желба. Наредете еден ред компири, а одозгора наредете сечкан кромад. Потоа повторно наредете уште еден ред компири.

Врз вториот ред компири рамномерно распоредете ја смесата од мелено месо и кисела павлака, па добро израмнете. Садот покријте го со алуминиумска фолија и ставете да се пече во претходно добро загреана рерна на 200 степени. Печете околу 15-20 минути, па извадете го садот и отстранете ја фолијата.

Вратете го рерна да се допече уште 20-тина минути додека убаво да се запече. На крај одозгора изрендате кашкавал и вратете во рерната да се допече уште 5 минути колку да се растопи кашкавалот. Потоа можете да го послужите јадењето. Сите детали од постапката на приготвување можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Прочитајте го и вториот рецепт: КОМПИР СО МЕЛЕНО МЕСО на малку поинаков начин, ќе ви се допадне, сочно и вкусно. Потребни состојки: 700 г компир +-, 500 г мелено месо, 1 главица кромид, 2 чешниња лук, 1 лажица сув мешан зачин (вегета), 500 г фета сирење (или домашно сирење), 300 мл вода, 300 мл течна павлака.

Постапка: Кромидот исечкајте го ситно и запржете го на малку масло, па додадете мелено месо и заедно пржете ги додека месото да ја смени бојата. Додадете ситно сечкано лукче, долејте вода и павлака, па оставете малку да крчка. Додадете го компирот исечен на коцки, промешајте и оставете уште малку да динста, па тогаш додадете го ситното сирење и зачинете.

Смесата префрлете ја во тепсија или пекач и печете во загреана рерна околу 45 минути (на 220-250 степени). Кога е печено оставете 10-15 минути малку да излади и да се впијат течностите во компирот, па послужете. Одозгора можете да наросите ситно сечкан свеж магдонос.