Погачите се меки и многу вкусни, а за нивно приготвување не ви треба посебна вештина, затоа што и мали деца можат да ги направат. Тестото брзо се замесува без квасец, само со прашок за печиво и веднаш се работи. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, 200 мл млеко или јогурт, 200 мл масло, 1 лажица сол, 550 г брашно, 12 г прашок за печиво (1 кесичка), путер/маргарин за премачкување, сирење, јајце за премачкување




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете две јајца, една чаша млеко или течен јогурт (200 мл), една чаша масло (200 мл) и една супена лажица сол. Со жица-маталка добро промешајте ги состојките додека да се изедначат.




Потоа започнете постепено да го додавате брашното помешано со прашокот за печиво. На почетокот мешајте со лажица или шпатула додека брашното ја впива течноста, а кога ќе го додавате остатокот, замесете со рака.




Затоа брашното се додава постепено, за да има време да ја впива течноста, но и за да оцените колку точно ќе ви биде потребно. На крај треба да добиете меко тесто кое не се лепи на рака.




Садот/плехот во кој ќе се печат погачиците потребно е добро да се намасти со путер или маргарин. Потоа кинете парчиња од тестото, формирајте топчиња, а потоа сплескувајте ги во дланката со големина на помала тацна за кафе.




Во средината ставете по една лажичка ситно сирење или урда или фил каков што вие сакате (по ваш избор), па затворете повторно во топче. Добро обликувајте со прстите за да не излегува филот при печењето.




Вака формираните топчиња редете ги во намастениот плех, а постапката повторете ја со остатокот од тестото / додека имате продукти. Потоа премачкјате ги одозгора со едно изматено јајце и наросете ги со сусам, ким или семки по ваш избор. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 степени околу 20 минути.