Фото и рецепт: Петров Петров

Мојата најомилена салата не знам точно име ама некои ја викаат Апетитка.

Потребни состојки:

1.5 кг везени пиперки

2 кг моркови

1 китка магдонос

3 – 4 чешниња лук

Постапка:

Се чистат пиперките од семето и се ставаат во плех и во рерна да се потпечат околу 30 минути на

230 степени.

Морковите се обаруваат многу малку и се сечат на кругови.

Потпечените пиперки се сечат на помали парчиња и се мешаат со морковите, магдоносот и лукот.

За солило:

1 и пол лажица едра сол

1 мало лажиче шеќер

2 филџани зејтин

4 филџани вински оцет

Се загрева колку да се растопи солта и се преливаат морковите и пиперките, се остава 24 часат да стои салатата покриена со капак.

Се собира во тегли и се зовриваат теглите во рерна за да се вакумираат убаво.
( јас ставив 1 кг благи везени и пола кг лути) од оваа доза излегуват 4 големи и 1 мали тегли.